ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Сексуалните работници во Скопје се плашат мирно да работат

После 12 години стигмата, дискриминацијата и насилството врз сексуалните работници се уште постои, а, како што порачаа учесниците на маршот, институциите и стручната јавност продолжуваат да бидат глуви и слепи за нивните барања.

December 17, 2019 13:56
in ОПШТЕСТВО, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Сексуалните работници традиционално по 12-ти пат денеска во Скопје маршираа за поголеми права, еднаков третман пред законите и почитување на нивното право на слободен избор.


Маршот на црвените чадори започна од пред платото на спомен куќата на „Мајка Тереза“ на улица Македонија, се движеше по плоштадот и камениот мост и заврши пред зградата Ибни Пајко. Тие бараат измени на законските регулативи кои ги криминализираат сексуалните работници.

После 12 години стигмата, дискриминацијата и насилството врз сексуалните работници се уште постои, а, како што порачаа учесниците на маршот, институциите и стручната јавност продолжуваат да бидат глуви и слепи за нивните барања.

– Зошто треба да работиме во страв да бидеме малтретирани, злоупотребувани и игнорирани од општеството. Зошто не барате, а не не препознавате. Ние сме ја одбрале сексуалната работа како најдобра опција да заработуваме за живот и никој не треба да ни го одзема правото на слободен живот, порача една од учесничките на маршот на црвените чадори.

Посочуваат дека анализите на граѓанските организации, во 2018 година биле документирани 100 случаи на насилство врз сексуални работници, додека во 2019 година бројот е помал, но тоа не се должи на позитивните промени, туку на обесхрабреноста и немањето доверба во институциите.

– Најголем дел од нив, односно 34 случаи се во домот на сексуалните работници. Тоа значи дека сексуалните работници не се безбедни ниту во сопствените домови. Документирани се 26 повреди на транс жени сексуални работнички, кои дополнително се соочуваат со насилство мотивирано од омраза поради родовиот идентитет, изјави една од учесничките на маршот.

Маршот е во организација на граѓанската иницијатива за заштита, промоција и унапредување на правата на сексуалните работници СТАР-СТАР, во рамки на кампањата за одбележување на 17-ти декември, Меѓународниот ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници.

Next Post

Ременски очекува Обвинителството да ја запре постапката против неа

Shortcut

Најново

Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

СДСМ бара Национален оперативен штаб и конкретни мерки за заштита од западно-нилската треска

August 13, 2026

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 12, 2026
Фото: СКРМ

СКРМ и Министерството ќе формираат работни групи за Колективниот договор и Законот за култура

August 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk