ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

Фронтлајн дел од регистарот на онлајн медиуми

Сите членки ќе бидат објавени на Промедиа.мк, кој од 1 јануари ќе биде активен

December 18, 2019 12:57
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

Регистар на професионални онлајн медиуми изработија Здружението на новинари и Советот за етика во медиумите, во соработка со Стопанската комора на Македонија, кој во моментов содржи 67 портали.

„Ова е отворен процес, регистарот не завршува тука, со тоа што ако порталите го напуштат принципите на новинарството ќе бидат отстранети од регистарот, а дополнително други ќе влегуваат во него“, рече Катарина Синадиновска од СЕММ.

За да се биде дел од регистарот потребно е да се исполнат некои критериуми, така што од порталите се бара да имаат веродостоен импресум, да го почитуваат Кодексот на новинарите, Повелбата за етичко известување за избори и Статутот на СЕММ, да објавуваат информации од јавен карактер, да имаат регистрирано правно лице во земјава и транспарентна сопственост. Исто така, се бара да имаат транспарентно финансирање, да ги објавуваат одлуките на СЕММ за што ќе треба на својот портал да постават банер со кој се обврзуваат да ги почитуваат принципите на Кодексот на новинари.
Секако, како критериум се бара текстовите да се потпишат од автор или ако се преземаат од други медиуми да биде наведен изворот.

Како дополнителни препораки, Марина Тунева извршна директорка на СЕММ рече дека членките треба да имаат објавено ценовници за рекламирање или линк до објавен ценовник во маркетинг агенција, да имаат МК домеин, платената комерцијална содржина да е видливо означена.

„Пожелно е професионалните редакции да имаат најмалку еден уредник и најмалку двајца вработени, како и простории и технички услови за професионално извршување на работата“, рече Тунева.

Сите членки ќе бидат објавени на Промедиа.мк, кој од 1 јануари ќе биде активен, појасни претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски.

„Процесот на убедување зошто овој проект е добар ќе продолжи и понатаму. Ги одбравме бизнисмените со кои соработуваме затоа што тие се лост со кој се бориме за вистинити вести“, рече Чадиковски. Тој додаде дека ова е и шанса за политичарите да покажат дека навистина ја сакаат својата земја.

Ова е прв обид за саморегулација на онлајн медиумите, а според Синадиновска тоа е порака дека сами можеме да го доведеме новинарството на повисоко ниво, дека за тоа не нѝ е потребна Владата или која било друга организација.

„Ние како новинари сме подготвени сами да го исчистиме својот двор“, рече Синадиновска.

Изработувачите на регистарот велат дека со него полесно ќе препорачаат на бизнисмените со кои медиуми може да соработуваат, а да бидат сигурни дека тој медиум ги почитува начелата на новинарството. Ваква насока ќе добијат и политичарите во периодот пред политичката кампања за избори.

Велат дека се во преговори и со агрегаторите на вести, со кои ќе се потрудат да пласираат вести од релевантни медиуми.

Во моментов, регистарот содржи 67 портали со различна политичка и професионална ориентација, или како што беше речено, шареноликост на членките, а колку време постои некој медиум не е критериум.

За оние кои не ги исполнуваат стандардите нема место во регистарот, а Синадиновска потврди дека тие не се тело кое ќе може да казнува или изрекува санкции.

Фронтлајн  е член во Регистарот на онлајн медиуми на СЕММ.

Б. Богдановска

Next Post

Поради магла намалена видливоста на повеќе места

Shortcut

Најново

РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

August 1, 2026

Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

July 31, 2026

ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

July 31, 2026

Премиерата на „Три сестри“ во МНТ со превод на англиски јазик

July 31, 2026

Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

July 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога и цртањето на табла не помага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од 1 август поскапува парното греење во Скопје, поскапува и горивото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk