ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ангеловска-Бежоска за „Економист“: Структурните реформи важни за зголемување на потенцијалот на економијата

Неопходно е да се продолжи со реформите во образованието, здравството и пазарот на труд, со политиките за стимулирање домашни и странски инвестиции и со политиките кои ќе значат повисока продуктивност како што се поддршка на истражувањето, развојот и иновациите

December 24, 2019 13:49
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

За забрзување на краткорочната динамика на раст и за зголемување на потенцијалот за долгорочен и одржлив раст на нашата економија, важно е и продолжувањето на структурните реформи коишто треба да влијаат врз квантитетот и квалитетот на човечкиот капитал, физичкиот обем на капиталот и продуктивноста, вели гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска во специјалното годишно издание на британскиот магазин „Економист“ издадено на македонски јазик.

Според неа, неопходно е да се продолжи со реформите во образованието, здравството и пазарот на труд, со политиките за стимулирање домашни и странски инвестиции и со политиките кои ќе значат повисока продуктивност како што се поддршка на истражувањето, развојот и иновациите и подобрување на квалитетот на институциите. 

Во интервјуто, акцент е ставен и на видувањата и оцените на Народната банка за следната година во однос на клучните макроекономски параметри, како и на ризиците што доаѓаат од глобалното окружување.

Во однос на придобивките што земјата ќе ги има од влезот во НАТО, гувернерката осврнувајќи се на искуствата на другите држави, оценува дека бенефитите би биле огромни за економијата и за приливот на странски директни инвестиции.

Во интервјуто, Ангеловска-Бежоска говори и за Портата за иновации што Народната банка ја отвори неодамна. Појаснува дека целта на оваа платформа е поддршка на иновациите во финансискиот сектор кои треба да овозможат поголема понуда на технолошки понапредни финансиски услуги со бројни предности за корисниците.

– Портата за иновации е намената за поактивна соработка со сите компaнии коишто нудат вакви услуги. Покрај тоа што ќе даваме насоки и објаснувања на постојните регулаторни барања, преку комуникацијата остварена преку оваа платформа, ќе ја разгледуваме и потребата за евентуална промена на регулативата и за намалување на регулаторните ограничувања за влез на нови иновативни бизнис-решенија и проекти, без да се наруши интегритетот на финансискиот сектор и без прекумерно да се преземаат ризици, вели гувернерката, додавајќи дека овие активности се во согласност со подготовката на новата законска регулатива за платежни услуги.

Next Post

Филипче ќе бара да не се чека три дена за воведување вонредни мерки против аерозагадувањето

Shortcut

Најново

Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

August 14, 2026
Tap water, photos by Vecteezy

Гостивар: Водата се прочистува, но довербата останува загадена

August 14, 2026

Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

August 14, 2026
Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk