ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Потребни итни мерки, во спотивно волонтерството ќе изумре

Волонтерството треба дополнително да се промовира меѓу младите луѓе и тие да се мотивираат, а за негов развој треба да се има институционален пристап.

December 26, 2019 13:20
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Волонтерството во земјава е во постојано опаѓање. Потребно е државата да воспостави систем и да работи на програми за стимулирање и мотивирање и на оние кои нудат волонтерска работа, било да се од граѓанските организации или јавниот сектор, но и на  оние кои ќе почнат со волонтерска работа. Во спротивно, волонтерството ќе изумира, оценија дел од учесниците на денешниот Националниот форум за волонтерство.

– Заклучок и од последното истражување од оваа проблематика укажува дека волонтерството е на многу ниско скалило во Македонија. Се повеќе сме сведоци дека волонтирањето изумира. Ситуацијата во земјата, меѓу другото, се должи и на тоа што младата генерација во голем дел заминува од државата, а тие што остануваат делуваат апатично и волонтерството не им паѓа на памет, изјави Зоран Илиески од Коалицијата СЕГА

Затоа, додаде тој, волонтерството треба дополнително да се промовира меѓу младите луѓе и тие да се мотивираат, а за негов развој треба да се има институционален пристап. Министерството за образование и наука, како и Бирото за развој на образованието, додаде Илиевски, се дел од институциите кои треба да дадат придонес во промовирање на волонтеризмот и едукација на младите за придобивките односно вредноста на волонтирањето.

Основата за промена, смета тој, се измени во Законот за волонтерство, во кој треба да има позитивни мерки. Според него, има добри примери од европски држави каде систематски се мотивира и стимулира волонтерството.

Со ваквите ставови се согласува и Златко Талевски од Младинскиот културен центар Битола, организатор на Форумот, кој смета дека по анализирањето на состојбите за тоа какви се состојбите по донесување на законот, треба да се направат одредени законски измени и дополнувања, но и нова стратегија за волонтерството 2020-2025 година.

На таков начин, смета тој, ќе се даде можност за волонтирање и во граѓанските организации како да се унапреди системот за поддршка на волонтерите во јавниот сектор и отворање нови можности за волонтерска работа, особено за младите.

Талевски вели дека во одреден интерес за волонтерство има во граѓанските организации, но оти тој е намален во јавните институции и државните органи, поради, како што рече, бариери направени со Законот за трансформација во редовен работен однос, со кој волонтерските се заменија со договори за трајно вработување и се ставија пречки за нови волонтери во јавниот сектор.

На Форумот учествуваат претставници од граѓански организации и фондации кои работат на полето на промоција и развој на волонтерството, претставници на Владата и на други јавни институции.

Next Post

СДСМ во недела поканува на хуманитарен новогодишен „Cook Off“

Shortcut

Најново

Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

„12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

September 26, 2026

Денови на германскиот јазик 2026 во Северна Македонија

September 26, 2026

ХЕРА: Светски ден на контрацепција – „Избор без бариери“ – но изборот не е реалност за сите

September 26, 2026
Кијив, 25 септември 2026 (фото: ДСНС)

Во Кијив загина 14-годишно момче, погодена клиника во Запорижја, Зеленски во ОН го нарече Путин „нулти пациент“ на војната

September 25, 2026
Никола Спасов

Нема добар ПР за лоша политика

September 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жесток партиски судир за лобирањето во САД: СДСМ обвинува за скандал, ВМРО-ДПМНЕ враќа дека фирмата е поврзана со Заев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk