ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Три месеци за бистрење на сликата и разликата меѓу минатото и иднината

Инаку, Младичот би да ве потсети дека на изборите во декември 2016, минатото и иднината добија речиси еднаков број гласови. Дури, минатото доби троа повеќе, оти беше далеку помоќно и на власт. Можеби тоа беше оправдување за сите оние што велат дека морале да му служат на злото и криминалот, да оправдуваат, плукаат, гласаат да слушаат смс наредби, да одат на митинзи, контрапротести...

January 3, 2020 22:26
in ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ

Следуваат 3 месеци, драги мои, во кои разликата меѓу минатото и иднината само ќе се изострува, а сликата ќе се разбиструва.

Минато – полно крв, насилство и омраза… лажен патриотизам и поделби на граѓаните по секакви основи… криминал на столетието, тендери, проценти, џабалк плацеви, капитален стиропор и гипскартон… заробена држава, институции, судство, медиуми, бизнис, образование, јавен простор итн. од партиска машинерија, фаворити и пропаганда… местења избори, Пустец, пиштење-вриштење… катастрофи и деградација во секоја област, на секое општествено поле… И опција – која вели дека сака да се вратиме назад.

Иднина – Членка на НАТО, со признаени реформи и пред отворање преговори за полноправно членство во ЕУ. Напорна работа и продолжување на борбата, пред сè за правда – за што сите сме разочарани и очекуваме повеќе… за продолжување на подобрувањето на стандардот и уште повисоки плати… за подобра животна средина што со години беше труена, за уште поотчетни и поодговорни институции и функционери кои ги слушаат граѓаните и се поправаат, а не се „безгрешни“, за решавање на проблеми како оние на стечајците, минималната плата, социјалците, децата од домовите, колективниот договор во култура и многу други, а не бегање од нив… И опција која не е совршена, но се труди, работи, има резултати и е единствена која ја нуди иднината.

Инаку, Младичот би да ве потсети дека на изборите во декември 2016, минатото и иднината добија речиси еднаков број гласови. Дури, минатото доби троа повеќе, оти беше далеку помоќно и на власт. Можеби тоа беше оправдување за сите оние што велат дека морале да му служат на злото и криминалот, да оправдуваат, плукаат, гласаат да слушаат смс наредби, да одат на митинзи, контрапротести…

Сега, нема потреба од тоа. Ниту иднината како власт се покажа сурова кон противниците, ниту пак минатото е моќно и има сила (освен плукачка) да го прави она што го правеше. Играта ќе биде на рамен терен.

Но, бидејќи штетите од „алуминиумот“ се веќе сериозни и има многу луѓе кои не веруваат на разумот, аргументите, вистината, фактите, туку се опиени и ќе сторат сѐ да се врати минатото, сепак, луѓето кои ја сакаат иднината ќе треба да излезат и за неа да гласаат, колку и да е таа несовршена, неизвесна, понекогаш тешка и разочарувачка, понекогаш горчлива и неправедна… А кога ќе победи, треба активно во неа да се мешаат, да ја создаваат, поправаат, критикуваат, обликуваат, да го бараат од неа она што го им припаѓа и го заслужуваат. Само така ќе се победи минатото и ќе имаме иднина, и никако поинаку.

Просто речено, драги мои, изборот меѓу минатото и иднината ќе го направиме на 12 април – ние. Ќе биде наш, и само наш, што е голема одговорност, со оглед на тоа дека влогот е токму – иднината. Белким не сме до толку отидени, да не го препознаеме очигледното, и нашата иднина да си ја прокоцкаме. Нека ни е со среќа!

 


Сите права се задржани. УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ.

Next Post

Втората техничка влада, на чело со Спасовски ќе управува со земјата и ќе ги организира изборите

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk