ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Близу 6,9 милиони евра кај граѓаните само за 6 месеци преку мерката Мој ДДВ, концептот Парите кај граѓаните дава резултат

Граѓаните, според СДСМ, стануваат партнери на државата и институциите во борбата со сивата економија.

January 8, 2020 09:57
in ЕКОНОМИЈА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter
За само две и пол години СДСМ преку одговорна и посветена работа успеа во целост да го реализира концептот „Парите назад кај граѓаните“, еден од клучните сегменти и столбови од Програмата за живот.
Реализација на мерката Мој ДДВ, преку која 15% од данокот на додадена вредност кој го плаќаат граѓаните, се враќа назад во нивниот буџет, дава одлични резултати. За само две тримесечја, преку оваа мерка граѓаните остварија поврат на близу 6,9 милиони евра, што како дополнителен буџет влегува во семејните буџети, се наведува во соопштението на СДСД.

„Веќе во февруари 2020 година, започнува исплатата на речиси 3,7 милиони евра назад кон граѓаните за поврат на ДДВ за месеците октомври, ноември и декември. Претходно, за првото тромесечје беа исплатени над 3 милиони евра за остварениот поврат во првиот квартал од мерката, односно за месеците јули, август и септември. Оваа мерка, освен што обезбедува дополнителен приход во семејствата, значително влијае и врз намалување на даночната евазија и зајакнување на даночната дисциплина. Во периодот од јули до ноември минатата година, просечно месечно скенирани се по осум милиони фискални сметки. Сега, само во декември 2019 година, скенирани се 12,5 милиони фискални сметки, односно постои раст од над 53 проценти. Покрај тоа, расте и наплатата на ДДВ која во декември е поголема за 12 проценти, а постојано расте и бројот на нови корисници кои почнуваат да скенираат фискални сметки. Се зголемува наплатата на ДДВ, расте бројот на нови корисници кои започнуваат со скенирање и сериозно расте бројот на скенирани фискални сметки“, се наведува во соопштението.
Граѓаните, според СДСМ, стануваат партнери на државата и институциите во борбата со сивата економија.
„Економските политики на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија даваат реални и видливи резултати. Преку одговорен, домаќински пристап, обезбедивме можности сѐ повеќе пари да завршуваат назад кај граѓаните. На прав пат сме и на тој пат продолжуваме уште посилно по победата на 12 април“, се вели во партискито соопштение.
Next Post

Претседавачот на Воениот комитет на НАТО во посета на земјава

Shortcut

Најново

Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

August 14, 2026
Tap water, photos by Vecteezy

Гостивар: Водата се прочистува, но довербата останува загадена

August 14, 2026

Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

August 14, 2026
Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk