ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Протоколот за членство во НАТО ќе се ратификува навреме

Еден од најважните настани во 2020 година за Западниот Балкан ќе биде приемот на Северна Македонија во НАТО, наведува во својата анализа бриселскиот портал „Јуропеан Вестерн Балканс“ (ЕВБ), за настани што ќе ја одбележат 2020 година на Западниот Балкан.

January 9, 2020 09:38
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Протоколот за членство во НАТО ќе се ратификува навреме во републичкото Собрание, откако шпанскиот премиер Педро Санчез вчера положи заклетва како премиер, со што пак се отвори патот за преостанатата ратификација на Протоколот, по што Северна Македонија ќе стане 30-та членка на Алијансата. Претседателот на Собранието Талат Џафери вели дека Протоколот ќе се ратификува до 12 февруари, при што по формирањето на Владата на Шпанија, сега и кај нас е полесна и појасна процедурата. Смета дека не треба да се брза со предвремена ратификација, пренесе МИА.

Сите парламентарните партии се подготвени да дадат зелено светло за ратификацијата на Протоколот.

Артан Груби од ДУИ вели дека Протоколот ќе се ратификува навреме, со што нашата земја ќе се приклучи во Алијансата во наредните недели.

Од друга страна, ВМРО ДПМНЕ, Алијанса за Албанците и Беса го поддржуваат предвременото ратификување на Договорот за членство на Македонија во НАТО.

 

Дане Талески, советник за надворешна политика на премиерот и кандидат за амбасадор на Северна Македонија во НАТО, вчера изјави дека по изборот на новата Влада во Мадрид постојат стабилни политички услови за да ја затворат нивната ратификација на протоколот.

Тој потсетува дека ние веќе во последнава година учествуваме во Алијансата на рамна основа во сите формати, а тоа се виде, додава, на состанокот на лидерите во Лондон каде премиерот Заев седеше на иста маса со Трамп, Меркел и Макрон и сите останати лидери на земјите членки на НАТО.

Еден од најважните настани во 2020 година за Западниот Балкан ќе биде приемот на Северна Македонија во НАТО, наведува во својата анализа бриселскиот портал „Јуропеан Вестерн Балканс“ (ЕВБ), за настани што ќе ја одбележат 2020 година на Западниот Балкан.

– Протоколот за прием на Северна Македонија во НАТО беше потпишан во февруари 2019 година, по што почна процесот на негова ратификација во националните парламенти на земјите членки. Северна Македонија речиси сигурно ќе стана 30-та членка на НАТО на почетокот на 2020 година, откако во текот на 2019 пристапниот протокол го ратификуваа 28 од 29 земји членки (на Алијансата) и остана уште само Шпанија. Бидејќи одлагањето на ратификацијата во Шпанија е последица на политичката криза во земјата, а не на некакви забелешки на членството на Северна Македонија, приемот на државата во НАТО се очекува наскоро, се истакнува во анализата на „Јуропеан Вестерн Балканс“.

 

Шпанскиот социјалистички лидер, Педро Санчез, вчера положи заклетва како премиер, откако Парламентот во вторникот вечерта му даде поддршка за формирање коалициска Влада, со што се стави крај на речиси едногодишната политичка криза во четвртата по големина економија во еврозоната.

Формирањето на шпанската Влада ќе го отвори патот за ратификација на протоколот за членство во НАТО со што нашата држава ќе стане 30-та членка на Алијансата.

Шпанија е последна земја што треба да го ратификува Протоколот за НАТО, по што Северна Македонија и официјално ќе биде прогласена за полноправна членка во Северноатлантската алијанса.

Next Post

„Блиц“: Србија прва во Европа по смртност поради загадување

EVN

НАЈНОВО

Мицкоски за Груевски: Доколку се појави во Македонија, ќе оди во затвор

April 14, 2026

Мицкоски: СДСМ живее во свет на лаги и конструкции, реалноста ги демантира

April 14, 2026

Поевтинуваат дизелот и бензините, РКЕ со нова одлука

April 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот, видео Фронтлајн на Фејсбук

    ЕКСКЛУЗИВНИ видео снимки на Фронтлајн од Будимпешта: Унгарците го слават падот на Орбан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Маѓар со порака до Груевски: Унгарија повеќе нема да биде засолниште за меѓународни криминалци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 13 април 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ако падне Орбан – кој ќе падне со него?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орбановиот пораз како опомена за Македонија  

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk