ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Иран призна дека го соборил украинскиот патнички авион

Иранскиот претседател Хасан Рохани и министерот за надворешни работи Џавад Зариф признаа дека иранската војска го соборила украинскиот патнички авион, но тврдат дека несреќата се случила поради „заканите, насилничкото однесување и авантуризмот на САД“

January 11, 2020 09:35
in СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Иранскиот претседател Хасан Рохани и министерот за надворешни работи Џавад Зариф признаа дека иранската војска го соборила украинскиот патнички авион, но тврдат дека несреќата се случила поради „заканите, насилничкото однесување и авантуризмот на САД“, пренесе МИА.

Рохани напиша на Твитер дека внатрешната истрага на оружените сили заклучила дека поради човечка грешка, за жал, е соборен украинскиот авион, додавајќи дека истрагата ќе продолжи и одговорните ќе бидат процесуирани.

Тој им изрази сочувство на семејствата на жртвите и повика на сеопфатна истрага.

И министерот за надворешни работи на Иран, Џавад Зариф, исто така, изрази огромно жалење.

– Тажен ден. Поради човечка грешка, предизвикана од авантуризмот на САД, се случи несреќата, напиша Зариф на Твитер, изразувајќи „длабоко жалење, извинување и сочувство до народот, семејствата на жртвите и останатите засегнати народи“.

Иран денеска соопшти дека војската на таа земја „ненамерно го соборила“ украинскиот патнички авион, нагласувајќи дека станува збор за човечка грешка.

Во соопштението на иранската војска се наведува дека погрешно е проценето дека авионот бил „непријателска мета“, бидејќи леталото го насочило движењето кон „чувствителниот воен центар“ на Револуционерната гарда.

Иранската војска упати извинување, нагласувајќи дека ќе ги усоврши своите системи со цел во иднина да се спречат такви трагедии.

Признавањето следело откако американски и канадски официјални претставници истакнаа дека е „многу веројатно“ иранска противавионска ракета да го соборила авионот, што Техеран на почетокот го демантираше, нарекувајќи ги таквите трдења „огромни лаги“.

Украинскиот авион беше соборен во средата, неколку часа по иранското рекетирање на две воени бази во Ирак кои ги користат американските сили, што претставуваше одмазда за убиството на најмоќниот ирански генерал Касим Сулејмани. Во несреќата загинаа 176 патници и членови на екипажот, повеќето државјани на Иран или Канаѓани со иранско потекло.

Next Post

Зеленски: Целосна истрага и отштета

EVN

НАЈНОВО

Фото: Фронтлајн, генерирано со ВИ

Драма во англискиот фудбал: Кој се враќа во Премиер лигата, а кој гигант е на раб на амбисот?

April 18, 2026
Фото: ТАВ Аеродроми

Николоски: Скопскиот и Охридскиот аеродром лидери во регионот

April 18, 2026
Илустрација Фронтлајн

Цените на нафтата во нагол пад: Иран го отвори Ормускиот Теснец за време на примирјето

April 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Груевски меѓу застарените пресуди и 11 години затворска казна: Дали се подготвува за враќање или за ново бегство во Русија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис за 18 и 19 април 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски за Законот за високо образование: Мора да се работи за плата од 150.000 денари, не може без ниту еден научен труд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Казино туризам – мирис на скап парфем и пропаст

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски ја ангажирал израелската агенција „Black Cube“ за следење на опозицијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk