ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СПОРТ

Стоилов и Георгиевски: Одиме на победа со Австрија, не е сè загубено

Ништо не е загубено. Имаме уште еден натпревар кој треба да го добиеме. Имаме шанси. Ние промашивме, они дадоа и тоа е тоа. Од овој натпревар треба да извлечеме поука, да даваме голови кога имаме шанси, порача Стоилов

January 12, 2020 22:46
in СПОРТ
Share on FacebookShare on Twitter

Бодрени од околу пет илјади навивачи кои „Штадхале“ ја обоија во „црвено-жолто“ капитенот Кирил Лазаров и соиграчите одиграа прво полувреме со цврста одбрана и само девет примени гола. Предноста од два гола (7:5) која беше создадена по дваесетина минути, македонските ракометари ја имаа уште во три наврати и ја задржаа до крајот на првиот дел кој заврши 11:9.

Целосно различна слика на почетокот на второто полувреме и по само седум минути Чесите негативата од два гола ја претворија во позитива од три погодоци (15:12). Следуваа два гола на Лазаров по што Македонија не реализира и напад за израмнување на резултатот. Чешка на 15 минути пред крајот повторно имаше плус три (18:15), а во 50. минута и 22:18. Со серија од 4:0 на Македонците, на семафорот во 55. минута стоеја четири двојки (22:22).

Драмата во последните пет минути им припадна на чешките ракометари кои направија голем исчекор кон следната фаза.

Најефикасен играч на натпреварот беше Кирил Лазаров со 11 гола.

Македонската ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз на Европското првенство 2020, откако  загуби од Чешка со 27:25.

Десното крило на македонската ракометна репрезентација верува дека во вторник може да се победи Австрија и да се обезбеди место во втората фаза на Европското првенство.

– Очекувавме тежок меч со Чешка. Нијанси решааваа. Се боревме до самиот крај. Не треба тука да застанеме. Одиме позитивни и оптимистички настроени со Австрија. Да се одмориме добро и да одиме на победа. Австрија повеќе ни „лежи“ од Чешка, изјави Георгиевски.

Според пивотот на македонската ракометна репрезентација, Стојанче Стоилов, денешниот пораз од Чешка (25:27) не значи и крај на надежите за пласман во втората фаза на Европското првенство.

-Ништо не е загубено. Имаме уште еден натпревар кој треба да го добиеме. Имаме шанси. Ние промашивме, они дадоа и тоа е тоа. Од овој натпревар треба да извлечеме поука, да даваме голови кога имаме шанси, порача Стоилов.

По двата настапа во Б-групата на ЕП, Македонија има една победа и еден пораз.

Next Post

Емил Јакимовски доби отказ од Централен регистар

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk