ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Партиските политики подалеку од спортот

Ракометните спортски успеси на меѓународен план многупати досега ја афирмираа државата и ја сплотуваа нацијата. Но овој пат во Виена, тоа не се случува. Некому од тимот таму како поприоритетни да му се партиските од националните интереси. Уште пред првиот судиски свиреж, со одделни свои постапки, разочараа голем дел од својата верна публика. Посебно од онаа граѓанска, непартизирана.

January 13, 2020 12:30
in ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

oд корнер: ЗОРАН ИВАНОВ

Политиката влезе и во соблекувалната на македонската ракометна репрезентација. На сметка на спортските резултати, успеа да креира поделби и кај спортистите и кај публиката и кај нацијата.

Во рамките на европскиот, па и на светскиот ракомет, уште од времето на Пелистер, па наваму, преку Кометал, Металург и Вардар, заедно со нив како квалитетна ракометна база и репрезентацијата, меѓународно Македонија е во врвот на овој спорт. Национална гордост. Мелем на многуте рани што на земјата, на оваа мала и уште најсиромашна балканска држава, на нејзиниот евроатлански интеграциски пат, ѝ ги наметнаа транзицијата и неповолните меѓународни, посебно соседски околности.

И во едни такви трауматични и буџетски прескромни услови, овие наши спортисти во континуитет ни приредуваат победи и национални радости. Успесите на македонските ракометарки и ракометари, на овие наши спортски хероини и херои, ни го негуваат тоа чувството на колективитет, на припадност и секоја нивна победа нѐ прави горди.

Ракометните спортски успеси на меѓународен план многупати досега ја афирмираа државата и ја сплотуваа нацијата. Но овој пат во Виена, тоа не се случува. Некому од тимот таму како поприоритетни да му се партиските од националните интереси. Уште пред првиот судиски свиреж, со одделни свои постапки, разочараа голем дел од својата верна публика. Посебно од онаа граѓанска, непартизирана.

Уште од самиот старт на ова европско, македонскиот тим дозволи одделни постапки да го вознемират и спортскиот и навивачкиот дух. Несвојствено за спортот, судејќи и по бројните реакции во јавноста, неколкумина оттаму очигледно сторија, по нешто од нивните партиска симпатии, па и по нешто од нивните партиски ангажмани, да вбризгаат и во репрезентативниот колектив.

Спортската и општата јавност не останаа имуни на партизираните сигнали кои не може да не ја креираат и целокупната атмосфера во нашиот репрезентативен тим. Наместо спортски, таму како да завладеа и доза на политички, попрецизно, на партиски дух. Уште на почетокот на европското првенство, тој амбиент не е баш навивачко обединувачки за нацијата. Напротив.

Некои чекори, како оној дилетантскиот, со лепенката на шофершајбната на македонскиот репрезентативен автобус со која ја покрија северна, оној со оптегнувањето на големо кутлешко знаме на влезот од соблекувалната, па евидентната поделеност на македонска публика на тамошните трибини исто така, ги испратија пораките за не до крај спортскиот амбиент во овој наш актуелен ракометен тим.

Свесно, несвесно, сеедно, креаторите на ваквиот спортско партиски амбиент ја постигна целта. Навивачки ја поделија нацијата. Засега, надежно, не и нашата ракометна репрезентација.

Затоа најбргу, со партиските политики подалеку од македонскиот спорт.

Сите права се задржани. УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: МИА

Премиерот Мицкоски на промоција на реконструираниот музејски комплекс во Заливот на коските на брегот на Охридското Езеро

July 12, 2025

Американското Министерство за правда отпушти уште девет вработени кои воделе истраги за Трамп

July 12, 2025
Фото извор: Укринформ

Зеленски: Русите синоќа ја нападнаа Украина со 26 крстосувачки ракети и 597 дронови, убиени се две лица

July 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Чупеска за Фронтлајн: Власта ја занемарува интеркултурната комуникација и ги продлабочува поделбите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гордоста ми удри во чело – и ми извади око

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Tошковски: Имало физички контакт при нападот врз Арсовска, но лага е дека се се случувало пред полицијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зоран Кардула со нова самостојна изложба: „Flora Imaginarium“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Арсовска со драматични обвинувања кон МВР: Се обидуваат да го заташкаат тепањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk