Лилјана Кочовска, поротникот во случајот ТНТ чиј мандат беше истечен до судот поднела неотповиклива оставка, соопшти на денешното судење за предметот судијата Огнен Ставрев.
– Добивме известување од поротничката дека дава неотповиклива оставка, бидејќи и истекол мандатот, но и поради здравствената состојба. Судењето ќе почне од почеток, рече судијата Ставрев.
Тој побара од обвинетите и адвокатите до утре да се изјаснат дали се согласуваат тоа да се случи во скратена постапка.
Во судница не се појавија ниту обвинетиот Тони Трајковски, ниту обвинетата Елизабета Најдовска, бидејќи немале покана, но според досегашната пракса на судот, обвинетите не добиваат секогаш писмена покана, туку се смета дека се информирани од претходното рочиште, на кое се одредува датумот за следното судење.