ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АХА!

Свртување под „ручна“, Јоцијавление, или што пропуштивме во изминатите 24 часа?

Сето ова во само 24 часа. Па имаме не едно свртување на ставови и мислења од Геро, под ручна, ма тоа цели кругови, ма дрифтинзи, лизгања, салта морталиња во ставови, де како Грујо и Вучиќ се креатори на Рекет вели Геро, де дека не се и никој не го разбрал. Па пак имаме статуси, колумни и преписки од една, па од друга страна па со поддршки од водителите во емисиите, каде Геро е радо виџен гост, па со тапшања од збунети посматрачи, ма пивтија направија сами од себе

January 15, 2020 22:33
in АХА!
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: РИБАРО

Почнува прво полувреме Русија-Данска. Данците актуелни светски и европски прваци во ракомет, а си ги пакуваат куферчињата од ЕП. Ама Данска е тоа вреди да се гледа,

Ми дрндаат нотификации на Фејсот. Го гледам линкот, кај Јоци ме носи и што да видам.

Геро пишал – Јоци ништо не разбрала. Јоци пишала – никој не разбрал а куп вмровски коментари под линкот од емисијата на Алфа каде гостувал Геро. Па одам реков сиер овде има, а мене како што ме дале не издржав и следам понатаму да видам што не разбрала Јоци а рекол Геро и каде им е недоразбирањето. Да поможам нешто ако се може, луѓе сме мајкуму.

И обрнете внимание – Она што не разбрала Јоци е следно што буквално рекол Геро во емисија на Алфа ТВ:

„Најинтересна за мене теорија е онаа во која Бојан Јовановски е инсталација на Никола Груевски во соработка со Вучиќ… И ако тоа е така немам намера да се сомневам во информациите на колегата кој ги обелоденува, веројатно има некои докази и потврди за тоа.“ рекол Геро за случајот Рекет, во емисијата на Алфа

Па го плеска Јоци со принтскринови од коментарите, а таму парам парче го прават вмровците Геро дека пак се отпревртил во ставовите, а таман го мислеле од нивна (смајли), и му вели Јоци:

„Ако ја не сум разбрала, драг Геро, и вмровциве под линкот на Алфа не те разбраа што зборуваше вчера дека Груевски бил организатор на ,,Рекет” и дека Боки се среќавал со него во Будимпешта?“

И станува мошне интересно, а ваму се сменуваат во водство Русија и Данска, па одам кај Геро да видам да не случајно Јоци си додава нешто. И што да видам – кај Геро во постот посветен на Јоци се јавува Јанко Јади бурек со коментар поддршка за Геро и му вели Јанко на Геро: „Геро, кому се правдаш? Поголем си од ова“. Бујрум „на ќутук“ принтови, ако не ми верувате:

Пред тоа Геро ја прашува Јоци за спонзорство. Па се јавува извесен Сашо кој е наводно некој автор на теоријата која вели дека Геро и Вучиќ стојат зад Рекет, пардон, каде вели дека Грујо и Вучиќ стојат позади Рекет.

После тоа Јоци пак плеска колумна посветена на Геро и го прашува: Нели јас за тебе бев Тања Торбарина по умот и острината и…

Замислете сето ова во само 24 часа. Па имаме не едно свртување на ставови и мислења од Геро, под ручна, ма тоа цели кругови, ма дрифтинзи, лизгања, салта морталиња во ставови, де како Грујо и Вучиќ се креатори на Рекет вели Геро, де дека не се и никој не го разбрал. Па пак имаме статуси, колумни и преписки од една, па од друга страна, па со поддршки од водителите во емисиите, каде Геро е радо виџен гост, па со тапшања од збунети посматрачи, ма пивтија направија сами од себе.

А кој беше овој Геро? Ако не ви текнува, тоа е оној Кики-фрики доајен, што се петели во негов замислен свет од тројца без двајца, дека ја дрма државава, а ваму сам се демантира три пати во 24 часа, па се расправа со цел свет, никој не го разбрал, а тој умен чепорок од човек не може да се помири дека останал несфатен. Шо да ви кажувам – мене толку ми ја направија вечерва, па ни ракометот не го изгледав раат, ама не жалам за тоа. Данците и онака си ги потспремија куферчињата уште попладнево.

Јоци не ја коментирам – не ја реметам, срцка ми е, ако ме нејќи, посебно сега дури доживува „Јоцијавление“, или како што вели и самата:

Јоцијавление.
Не знам што толку Геро се вознемири денеска, а толку многу љубов му пратив ❤❤❤
Како и да е, не знам што ќе се прави со славава…

И така, овие дрифтаат ли дрифтаат, сето ова во 24 часа. можеби и „ќе се земат на крајот“, којзнае, обично така одат овие работи.

И да, Данска тепа.


Сите права се задржани. УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Љубиша Арсиќ во интервју за Трн: Плажата „Оревче“ е израз на моето постоење

July 13, 2025

Објавена причината за смртта на актерот Џулијан Мекман

July 13, 2025

Барди нов играч на Коњаспор

July 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Барселона сака да се „ослободи“ од двајца играчи, тие не сакаат да заминат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чупеска за Фронтлајн: Власта ја занемарува интеркултурната комуникација и ги продлабочува поделбите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гордоста ми удри во чело – и ми извади око

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Двојно убиство и самоубиство во Прилеп, убиецот ги убил внукот од сестра и неговиот син, па се самоубил

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk