ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

ИЧП: Судскиот совет потранспарентен, судовите неажурни

Дел од овој извештај е и работата на судовите во Република Северна Македонија, кое се разгледува од страна на Советот, каде се истакнува дека за второто тромесечје (април, мај и јуни) и за август, септември и октомври за 2019 години, се констатира зголемена неажурност на судовите.

January 16, 2020 11:04
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Судскиот совет на Република Северна Македонија, во периодот на работа септември-декември 2019 година, ја зголемил својата активност со редовно објавување реакции и соопштенија до јавноста во врска со актуелни случувања кои влијаат на независноста на судството. Оваа констатација е дел од последниот квартален извештај на Институтот за човекови права (ИЧП), каде меѓу друго се вели дека за поважните информации, кои требало да стигнат до пошироката јавност Судскиот совет треба да испраќа реакции/соопштенија и директно до новинарите.

– Соопштенијата за одржување седница редовно и навремено се објавувале на веб страницата на Советот. Соопштенијата кои се објавувале по секоја седница за донесените одлуки на седниците се навремени и содржат подетални информации од претходно. Пред секоја поважна седница претседателот на Советот одговарал на новинарски прашања. Во оваа насока има подобрувања од аспект на давање подетални одговори од претседателот и неодбивање одговор и за поделикатни прашања. Судскиот совет ги објавувал огласите и одлуките за избор. Одлуките за разрешување судија и претседател на суд не се објавувале, со образложение дека роковите за жалба не се поминати. Сепак, за задоволување на интересот на јавноста, особено во период на зголемена недоверба во судството, од особена важност е овие одлуки да се објавуваат анонимизирано, се вели во последниот извештај на ИЧП.

Дел од овој извештај е и работата на судовите во Република Северна Македонија, кое се разгледува од страна на Советот, каде се истакнува дека за второто тромесечје (април, мај и јуни) и за август, септември и октомври за 2019 години, се констатира зголемена неажурност на судовите.

– За третото тромесечје (за периодот август-октомври  2019 година) беше констатирано дека најголем број судови се неажурни. Единствени ажурни судови се: АС Гостивар, ОС Штип и ОС Св. Николе. Во текот на дискусијата по оваа точка беше истакната потребата да се реши проблемот со неажурноста на судовите, при што, како главен проблем се истакна недоволниот број судии и судска администрација. Сепак, беше напоменато дека во овој период нема тенденција на зголемување на предметите. Од друга страна, беше констатирано дека во овој квартал тече периодот на судска ферија и годишни одмори, поради што секоја година се јавува неажурност на најголемиот број судови, се вели во извештајот.

Подобрување во работата на Советот, има и во делот на избор на нови членови на Судскиот совет. Според извештајот на ИЧП, кој е изработен во рамки на проектот „Акција за поголема транспарентност, отчетност и ефективност на Судскиот совет”, се вели дека за прв пат Судскиот совет објави и посебно соопштение со имиња на кандидатите. Но, од ИЧП додаваат дека од особена важност ќе биде да се објавуваат биографиите на кандидатите, за подобро запознавање на судиите со кандидатите за кои треба да гласаат

Во извештајниов период Судскиот совет, објави оглас за избор на 19 судии во основни судови во државава. Во моментов има само 18 завршени кандидати од Академијата. Со објавувањето оглас за поголем број судии од кандидатите од Академијата се создава можност во некој од судовите да се избере и судија кој доаѓа од друг основен суд во државава.

Периодот на работа (септември до декември 2019 година) на Судскиот совет, ќе биде запаметен и по
неуспешната седница за избор на шест судии за Апелацискиот суд Скопје, по Оглас објавен на 7.2.2019 година.

– Изборот на судии за Апелациски суд Скопје беше ставен на дневен ред, беше констатирано дека има над 60 пријавени кандидати, но членовите не преминаа на гласање. Судскиот совет не даде оправдана причина зошто не премина на гласање и избор на кандидатите, се вели во извештајот на ИЧП.

Освен седниците каде се дискутирало за избор на судии, Судскиот совет, во наведениот период дискутирал и за разрешување на суди. Па така еден претседател на суд е разрешен од функцијата претседател на суд и судија, еден (1) судија е разрешен од вршење судиска функција и за двајца судии е запрена постапката. Донесени се одлуки за времено оддалечување од вршење судиската функција и претседател на суд.

Next Post

Ангеловска-Бежоска: Економските фундаменти оставаат простор за понатамошно водење олабавена монетарна политика

Shortcut

Најново

ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

July 31, 2026

Премиерата на „Три сестри“ во МНТ со превод на англиски јазик

July 31, 2026

Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

July 30, 2026

Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

July 30, 2026

СДСМ: По изјавите на Мицкоски за економски лидерство, германската компанија БМЗ го затвора погонот во Илинден и заминува во Полска

July 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала

    Кога и цртањето на табла не помага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од 1 август поскапува парното греење во Скопје, поскапува и горивото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: По изјавите на Мицкоски за економски лидерство, германската компанија БМЗ го затвора погонот во Илинден и заминува во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk