ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Димитров: Изјавата на Мицкоски за укинување на Преспанскиот договор можеби има одек кај дел од гласачите, но што после?

- Нели ние не видовме дека ова беше тежок компромис, каде што двете страни ги постигнаа основните принципи, кај нас тоа беа идентитетските прашања, кај нив тоа е една долга тема, ама и таму имаше протести, помина тешко тоа прашање и сега ако одиме по постигнатото на тоа прашање претходо, вели Димитров во интервјуто за МИА.

January 17, 2020 10:26
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи Никола Димитров смета дека неодамнешната изјава на Христијан Мицкоски дека доколку дојде на власт по изборите со двотретинско мнозинство ќе го укине Препанскиот договор, смета дека тоа е еден наратив што можеби „по нивна проценка кај дел од гласачите има можеби одек или некако резонира и можеби привлекува, ама не што после“.

Во интервјуто за МИА, Димитров додава:

– Нели ние не видовме дека ова беше тежок компромис, каде што двете страни ги постигнаа основните принципи, кај нас тоа беа идентитетските прашања, кај нив тоа е една долга тема, ама и таму имаше протести, помина тешко тоа прашање и сега ако одиме по постигнатото на тоа прашање претходно…

Дали сметате дека е толку лесно да се укине Преспанскиот договор, еден меѓународен договор. Мицотакис, иако најавуваше, не го укина откако дојде на власт во Грција?

Тој е правно дел од нашиот домашен правен систем, тој е дел од меѓународното право, а политички е еден договор што беше од сите страни во демократскиот свет истакнат како извонреден дипломатски успех. Федерика Могерини на некој начин си зема кредит, тој е делумно успех на европската дипломатија. Хајко Мас, германскиот МНР, вели оваа година добрите вести доаѓаат од Балканот. Од сите страни беше така издигнат и политички и правно тоа е работа што не може да се направи, ама може да се користи во предизборие, со не баш искреност во приодот. Ако има искреност, тогаш треба да се каже која е алтернативата, што ќе се стори, колку време треба, колку е тоа извесно и мислам дека ние како народ сме доволно зрели, се соочивме со нашата реалност, си преземавме одговорност за нашата судбина и мислам дека тоа народот негде внатре ќе го почувствува. Така што не сум баш сигурен колку можеби кај некои групи, ама генерално мнозинството тоа ќе го почувствува. Каде нас ни беше стравот, додавање придавка кон именката Македонија. Тоа гледам дека и лингвистите не го потенцираат често. Географската одредница е придавката „северна“, името е Македонија. Стравот ни беше да не не бидеме тоа што сме Македонци, кои зборуваат македонски јазик, тоа е суштината. Инаку сите ние знаеме дека од историски регион Македонија, нашата држава е во еден дел. Тука е исто така дел од суштината во тој спор и треба да бидеме чесни кога зборуваме за тоа, кога го објаснуваме тоа.

Каква ви е соработката со Владата на Мицотакис. Неговиот став беше „против“ Договорот од Преспа за време на нивната предизборна кампања, но тој неодамна изјави дека нешто што е потпишано не може да биде поништено. Наративот го смени по изборите. Како тече имплементацијата на Договорот од двете страни. Дали има препреки?

Договорот се спроведува, можеби динамиката секогаш има простор во смисла динамиката да биде подобра, меѓутоа во голем дел Договорот си тече и таму каде што има повеќе обврски за нас и таму каде што има реципрочни обврски. Да речеме Комисијата за трговски марки. Скоро ќе има средба со Комисијата за нови гранични премини, нешто што отвори како можност овој Договор. Мислам дека со Владата на премиерот Мицотакис успеавме да изградиме доверба, да имаме односи на разбирање и да бидеме свртени кон можностите и кон иднината. Грција е наш сосед и нивната поддршка на нашиот европски пат ни е многу значајна и можеме многу повеќе да добиеме. Ние сме на некој начин природни сојузници во решавањето на ова тешко прашање што долго време нè раздвојуваше практично од независноста. Тоа е комплексен однос, не толку едноставен, меѓутоа трендот е апсолутно позитивен.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Загина планинар во Словенија

НАЈНОВО

ДИК поништи потврдена листа за членови на Совет на Град Скопје поради кандидирано починато лице

October 18, 2025

„Српскиот свет“ и раката на Москва на Балканот

October 18, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Верстапен пред спринтот во САД: „Ќе биде тесно, но тоа е убавината на трките“

October 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Некој нормален да објасни на што се должи самоувереноста на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сомалиски пирати во Македонскиот залив!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Позната причината за смртта на Дајан Китон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ружин: Доколку не ги направиме уставните измени немаме никаква можност да мрднеме кон ЕУ, Фон дер Лајен е јасна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk