ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Туфегџиќ: Со новиот закон младите се ефикасно вклучени во сите институции

Законот цели кон зајакнување на учеството на младите во процесите на креирање на политики, поттикнување на волонтерство, младинскиот активизам и младинската работа, како и личен, професионален и социјален развој кај младите.

January 17, 2020 08:51
in ОПШТЕСТВО, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Со 69 гласа „За“ и 1 „против“ македонското Собрание вчера го изгласа Законот за младинско учество и младински политики кој треба да донесе поголема вклученост на младите во носењето одлуки преку Национално собрание на млади, локални младински совети и собранија и повеќе сервиси за младите.

Целта на законот за младинско учество и младински политики, како што стои и во текстот на документот, е да обезбеди креирање и спроведување на политика на млади на сите нивоа, преку повеќе секторски пристапи. Законот цели кон зајакнување на учеството на младите во процесите на креирање на политики, поттикнување на волонтерство, младинскиот активизам и младинската работа, како и личен, професионален и социјален развој кај младите.

Покрај дефинирањето на младински организации и организациите за млади, а предвидува формирање Национално собрание на млади, Национално советодавно тело за младински политики како и Регистар на форми на младинско организирање.

– Овој закон беше подготвуван две години. Тргнавме и со компаративни искуства и со искуства на младинските организации. Понатаму преминавме во учеството на младите во носење на одлуки и на локално и на државно ниво, изјави за Утрински брифинг на „Слободна ТВ“ Ивана Туфегџиќ, пратеник во Собранието на Северна Македонија.

Обезбедени се 8 милиони денари само за почеток на спроведување на законот.

Ќе има службеник за млади во сите институции и во општините. Неговите информации ќе бидат јавно објавени за да знаат младите каде да се обратат. На локално ниво не гледајте дека тој службеник треба да исполнува нечии желби. Ќе има канцеларија за млади во секој општина како примарна точка младите да се обраќаат. Тој систем ќе биде дисперзиран, но и организиран.

Ефикасноста и резултатите ќе го мерат собранието и младинските организации, вели Туфегџиќ.

Next Post

Сончево со мала до умерена локална облачност

Shortcut

Најново

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

Три дена посветени на творештвото на Манчевски во Италија: Од „Прашина“ до премиерата на „Бикини Мун“

June 18, 2026

Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вонредни избори или национален консензус за ЕУ-агендата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk