ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Шекеринска: „Рекет“ покажаа дека никој не е над законот, тој мора да важи за сите

Шекеринска оценува дека барањата на ВМРО-ДПМНЕ никогаш не биле насочени кон правда, туку кон лаги, дезинформации и бегство од одговорност.

January 19, 2020 11:16
in ПРАВДА, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Случајот „Рекет“ и сите истраги поврзани со него покажаа дека навистина никој не е над законот, вели вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска во интервју за Радио Слободна Европа, додавајќи дека тоа е така затоа што веќе никој на го крева телефонот на судии и на обвинители за да им каже што да прават.

Шекеринска оценува дека барањата на ВМРО-ДПМНЕ никогаш не биле насочени кон правда, туку кон лаги, дезинформации и бегство од одговорност.

– Приказната или нивните реакции врзани за овој случај е ишкање на мувата за да не видиме колку државата се променила во овие две и пол години. Јас ќе ви кажам еден обичен пример за кој информираа невладините организации коишто ги следат различните предмети во судството. Ако ги анализирате предметите со таканаречените бомби ќе видите дека првиот случај за кој требаше една година и половина за да влезе во судска постапка веќе три години е заглавен во судски лавиринти. И овие денови врз основа на она што се случува во случајот „ТНТ“, гледаме како тоа го прават. Прво се бега од рочишта, потоа се бара одлагање на рочиштата, потоа се менуваат адвокати, па луѓето коишто зборуваа против употребата на албански јазик, наеднаш ангажираат адвокати кои бараат сè да им се преведе на албански јазик, додава министерката за одбрана.

Таа потенцира дека според анализите на една невладина организација, 60 проценти од сите рочишта врзани за бомбите се одлагаат, па затоа четири години подоцна сè уште овие предмети тапкаат во место без крај.

– Е сега ако го споредите тоа со процесот којшто се случуваше, а врзан со „Рекет“, ќе видите дека разликата е огромна. За нецели шест месеци имавме од наоди во јавност, истрага, предистрага, обвинителен акт, неколкумина во притвор и рочишта коишто се случуваат по неколку во неделата. Знаете зошто? Заради тоа што никој од Владата, од владејачкото мнозинство или од политичарите не диктира веќе пресуди. Не го креваме веќе телефонот на судии и на обвинители да им кажеме што да прават. И пораката од почетокот на владата беше иста – За секој мора да важи законот. Никој не е над законот и случајот „Рекет“ и сите истраги поврзани со тоа покажаа дека навистина никој не е над законот. Она што го прави ВМРО-ДПМНЕ е да не натера да не гледаме како сега и во функција на опозиција се трудат да ја опструираат правдата, наведува Шекеринска.

Министерската за одбрана потенцира дека Јавното обвинителство сега може да истружува сè и во ниеден момент никој од власта не се обидел да го спречи тоа.

– Инаку, ако земеме список кој сè бил не само кај криминалецот, туку и кај бегалецот Груевски, ВМРО-ДПМНЕ треба да ја затвори партијата, вели Шекеринска во интервјуто за Радио Слободна Европа.

Next Post

Петар Рупески го фати Светиот крст во Охрид - петта среќа за момчето од Варош

Shortcut

Најново

Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

August 4, 2026

СДСМ: Мицкоски и на Илинден ја дели Македонија – повторно зборува за „талог“!

August 4, 2026

Министерство за здравство: Доењето е инвестиција во здравјето, потребна е поддршка од целата заедница

August 4, 2026
Ai Background Stock photos by Vecteezy

Во што се состои Актот за вештачка интелигенција на ЕУ? (ИНФОГРАФИК / ЦИВИЛ)

August 3, 2026
Мика Бојстер (фото: Џабир Дерала/ЦИВИЛ)

Мика Бојстер (DJV) за ЦИВИЛ МЕДИА: Русија настојува да ги изолира и заплаши новинарите – МОРА ДА ОСТАНЕМЕ ОБЕДИНЕТИ

August 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk