ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

ВМРО ДПМНЕ „Од врата на врата“ – Море сиктер од пред моја врата!

А и Христијан Мицкоски ќе започне кампања „Мицкоски со граѓаните“. Па Јанушев, ова веќе не е партија, ова е секта „Мицкојавление“. Вие сте „водичи“, „месии“, учевте од најдобриот (азилантот), и сега ќе нѝ докажувате дека „учениците го надминаа учителот“?

January 19, 2020 12:46
in ESPRESSO, ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

коментира: Ивана Зафировска

ВМРО-ДПМНЕ ја започнува кампањата „Обновата ПРЕД ВАШИОТ ДОМ”, најави на прес-конференција генералниот секретар Игор Јанушев. Тимови на ВМРО-ДПМНЕ ќе го посетат секој дом, секое населено место и ќе разговараат со сите граѓани ?!

Да прашам, кои тимови Јанушев? Тие што едвај ги собирате? Па не можевте дури ваш член да понудите за прв човек на МВР, теравте неуставни понуди и малверзации и на крај понудивте „кавгачија“.

Ќе менувал сè Чулев, дури и возниот парк му „падна во око“.

Тимовите во Парламентот составени од Илија Димовски, Антонијо Милошоски?! Па господата не се ни појавија на конгресот во Валандово да гласаат за претедателот на ДПМНЕ, Мицкоски. Па вие и меѓусебе не се сакате, водичот не си го признавате. Сега некако се обединивте, а? Кажи ја тајната Јанушев, понуди откровение!

Понатаму вели, „тимовите ќе почнат со посетите на руралните средини од следниот викенд, нема да има човек во Македонија што ќе остане непосетен“.

Е, со ова сериозно ме изнасмеа. Што ќе им кажете на напатените луѓе? Дека мора да го вратите бегалецот Груевски и да ги вратите во колосек? Многу вицкасто, тера накај британски хумор. Што ќе им кажете на луѓето? Дами и господа, програма во 100 чекори, како се бега од затворска казна, како совршено да изведете криминално дело, како беспрекорно да неместите тендер, како да ограбите народ? Подучете ги, може ќе им треба, не се знае, секакви времиња ќе нè навасаат.

И на крајот, бурлеска.  „Заедно со вас ќе ја поразиме оваа криминално-рекетарска банда на власт. Доаѓаме сега, но ќе дојдеме и по 12 април. Вие граѓаните сте причината за која работиме“. Неверојатно! ВМРО ќе работи за граѓаните? Како досега што работевте, Јанушев?

А и Христијан Мицкоски ќе започне кампања „Мицкоски со граѓаните“.

Па Јанушев, ова веќе не е партија, ова е секта „Мицкојавление“. Вие сте „водичи“, „месии“, учевте од најдобриот (азилантот), и сега ќе нѝ докажувате дека „учениците го надминаа учителот“?

Најдобрите лекции од вас се „како да ДРПНЕш и да киднеш без око да ти трепне“, „како да пренесете  жеден народ преку вода“, „како погрешно да користиш лопата“ и „ како да исечеш 10 000 ленти за отворање НИШТО, без да се сецнеш на кажипрстот“. А да, ни треба дообука и за контрапротести, не се доусовршени.

Не фала, не сакаме да знаеме.  „Од врата на врата“ – Море сиктер од пред моја врата!

И да не ви текне да отворате врати како во Собрание на сила, зошто овој пат од другата страна немате народ за поддршка…. А и реално, нема кој да ви отвори.

Next Post

Кристијан Ниневски го фати светиот крст на централната манифестација за Водици во Скопје 

НАЈНОВО

Мицкоски вели нема промени кај министрите од ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, потврди дека Беким Сали и Мухамед Хоџа влегуваат во Влада

December 1, 2025

Освен во „Димо Хаџи Димов“, во друго училиште во Карпош не се најдени патогени бактерии

December 1, 2025

Нема пари за Мој ДДВ, од УЈП велат било технички проблем

December 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот, видео Јутјуб

    Скарлет Јохансон под силен притисок во режисерското деби „Eleanor the Great“ поради темата за Холокаустот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пендаровски за ЦИВИЛ (1): Кратко и јасно! Македонија е одамна прокси-држава на рускиот свет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 1 декември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет лица уапсени по инцидентите за време и по антифашистичкиот марш во Риека, организаторите бесни на полицијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозија во јавноста: Дали ова е новиот ‘Груевски модел’ за испумпување пари?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk