Навистина жалам што преговарачкава тројка на ВМРО-ДПМНЕ за Законот за јавното обвинителство вчера избега од разговорите. Очигледно бегањето им стана партиска определба, напиша министерката Дескоска на Фејсбук.
Сепак, ќе биде закажана јавна расправа за законот. Па ќе видиме дали и од неа ќе избегаат, прашува таа.