Премиерот Оливер Спасовски, преку својот профил на Фејсбук изрази пидршка и солидарност со турскиот народ по катастрофалниот земјотрес кој го зафати источниот дел од Турција.
Оливер Спасовски:
Изразуваме силна поддршка и солидарност со Турција и турскиот народ. Сочувство до семејствата на загинатите во страшниот земјотрес. Нашите мисли вечерва се со турските граѓани. Подготвени сме да помогнеме.