ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

За да не го гласа Законот за ЈО, ВМРО-ДПМНЕ „италијански“ лаже дека друг местел избори

Само за илустрација, изборите врз кои удираат весникот „Ла верита“ и Мицкоски, оние во 2014-та се најкриминалните избори во историјата на државата, а ги организираше и ги украде Груевски со ВМРО ДПМНЕ. Во екот на тие избори се појави снимка со Загорац Тумбовски, кој потоа самиот за медиумите тврдеше дека дал 500.000 евра на Гордана Јанкуловска по налог на Груевски. СДСМ тогаш поднесе кривична пријава за парите примени во кеш. Овој случај го најави она што се случуваше потоа, а кулминираше со објавата на аудио материјалите од прислушувањето од страна на СДСМ.

January 27, 2020 17:08
in АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Италијанскиот весник „Ла верита“ и Центарот за комуникации на ВМРО ДПМНЕ се двете фабрики за продукција на лажни вести со крајна цел партијата на Христијан Мицковски да има измислено алиби за тоа што не го гласаат новиот Закон за Јавно обвинителство, иако законот се наметнува како клучен во оваа фаза од евроитеграцискиот процес на државата.

Изборите во 2014-та година, парламентарните и претседателските, оние кои се кулминацијата на криминалниот изборен инженеринг на ВМРО-ДПМНЕ, ќе останат запаметени по притисоците, уцените и заканите на партијата кон гласачите, а не по тоа дека некој од СДСМ манипулирал со граѓаните.

Врвот со наместени и однапред организирани избори е во 2014-та, годината кога СДСМ, токму заради партиската уценувачка машинерија на ВМРО ДПМНЕ, мораше да излезе со став дека не ги признава изборите. И сега се појавува дилемата – како во време на интензивен и бескрупулозен режим, со развиена криминална шема за крадење избори, а со став на тогашната опозиција дека изборниот процес е украден, наеднаш ВМРО-ДПМНЕ нарачува сторија во „Ла верита“ со која сака да го дискредитира Зоран Заев за наводно местење на избори.

Ваквата наменска сторија, која црпи податоци од период кога без знаење на Груевски не смееше ниту птиците да се вратат од југ, а не некој да се дрзне да мести избори, е отворање простор за ВМРО-ДПМНЕ да се спротивставува на Законот за јавно обвинителство.

Само за илустрација, изборите врз кои удираат весникот „Ла верита“ и Мицкоски, оние во 2014-та се најкриминалните избори во историјата на државата, а ги организираше и ги украде Груевски со ВМРО ДПМНЕ. Во екот на тие избори се појави снимка со Загорац Тумбовски, кој потоа самиот за медиумите тврдеше дека дал 500.000 евра на Гордана Јанкуловска по налог на Груевски. СДСМ тогаш поднесе кривична пријава за парите примени во кеш. Овој случај го најави она што се случуваше потоа, а кулминираше со објавата на аудио материјалите од прислушувањето од страна на СДСМ.

Јавноста имаше прилика да слушне и за изборите во 2014-та, како и за тие во 2011-та и 2013-та, како Јанкуловска го претворила МВР во партиски штаб на ВМРО, како се краделе ливчиња за изборна измама, како се отворале доверливи гласачки материјали за да се види кој не излегол на гласање за да се уцени за следното, како фантомски гласачи добивале лажни лични карти, како се купувале одредени категории гласачи и како полицијата била впрегната во крадењето избори.

Потоа, по формирањето на СЈО беа отворени неколку кривични предмети за лажирањето избори од страна на ВМРО ДПМНЕ. Познати се делата „Титаник“ и „Титаник 2“, односно нелегалното финансирање на партијата за време на избори, издавањето лични карти на непостоечки гласачи, местење на изборни процеси, а одговорни се повеќе од 30-тина членови на партијата. Токму тука лежи зајакот на ВМРО ДПМНЕ, да се скрие од одговорноста која ја има како парламентарна партија во врска со Законот за јавно обвинителство. Сега двете фабрики за лажни вести ќе продуцираат невистини за да се сврти вниманието кон СДСМ, наместо фокусот да биде криминалното и деструктивно однесување на Мицковски кон законот.

Веќе е јасно, ВМРО ДПМНЕ не го гласа законот затоа што ќе продолжи процесуирањето на предметите на СЈО за изборни измами и така и судски ќе се потврди кој всушност крадел избори во државата. А тоа секако не му оди во прилог на Мицковски, кој да не беше толкав послушник на Груевски немаше ниту да застане на челната позиција во партијата. Е сега, за да не испаднат во ВМРО ДПМНЕ дека местеле избори, иако тоа му е јасно веќе секому, Мицковски не сака да го гласа Законот за јавно обвинителство за да ги спаси своите поранешни и сегашни функционери од затворски казни.

Затоа нему му е потребно ваквото „италијанско“ алиби дека СДСМ местел избори. Тема со која е очекувано од утре ВМРО-ДПМНЕ да ја опструира јавната дебата во собраниската комисија за политички систем за да не се донесе Законот за ЈО.

ЦИВИЛ МЕДИА

 


ЦИВИЛ, како организација за човекови права, основана 1999, ги набљудува изборните процеси од 2008 година. Во 2014 година, изборните нерегуларности го достигнаа својот зенит. Набљудувачите на ЦИВИЛ, акредитирани од Државната изборна комисија, напишаа стотици извештаи од мониторингот. Извештаите и анализата од мониторингот на изборите беа објавени во публикацијата „Избори 2014: Дисквалификувана демократија“. Овој прилог е своевидно потсетување во светлина на најновиот развој на настаните и пропагандата што го придружува изборниот процес оваа година.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Русија интензивно ја злоупотребува слабата финансиска моќ на балканските медиуми

НАЈНОВО

Ралф Фајнс и сенката на злото: Вистината и митовите за улогата во Шиндлеровата листа

October 20, 2025

Локалните избори огледало на централната власт: Трендови од 2017 до 2025 година

October 20, 2025

АВМУ: Уште две прекршочни постапки за непочитување на изборниот молк

October 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Локални избори 2025: ВМРО-ДПМНЕ доминантен во 53 општини, СДСМ во 8, ВРЕДИ во 9

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанскиот политички блок по локалните избори: Победи, предизвици и нова реалност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 20 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ загуби фантастични 140.000 гласови, разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ значително намалена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ падна 135.000 гласови, ЗНАМ најголем губитник, Левица и СДСМ со благ пад

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk