ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Европски ден за заштита на личните податоци – колку приватноста на интернет познава граници?

Кој било што се појавува како потенцијална жртва, се бара итност во постапувањето. Ние објективно не можеме да постапиме пократко од 24 часа. Комуникација со Фејсбук администрацијата која е сместена во Даблин е солидна, но добиваат милиони барања на дневна основа, веројатно и тие прават некоја приоритизација што е побитно. Детскатa порнографија, на пример, е далеку поважна од само пробивање на некој профил на социјална мрежа“, посочуваат од Дирекцијата.

January 28, 2020 22:41
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во ерата на информациска сигурност на интернет, се чини, дека најслаба алка се токму луѓето. Минатата година до Дирекцијата за заштита на личните податоци 358 граѓани поднеле претставки за нарушување на правото на приватност, а 117 поднеле барања за заштита на личните податоци, постапка во која се иницира спроведување на инспекциски надзор, пренесе ЦИВИЛ Медиа.

Генерално, бројките се во рамките на она што како случаи Дирекцијата го имала за работа и во претходните две години, во 2018-та и 2017-та – околу 400 предмети. Анализите на Дирекцијата за заштита на лични податоци покажуваат дека повеќе од 60 насто во овие три години, претставките на граѓаните најмногу се однесуваат на злоупотреби на социјалните медиуми – Фејсбук, Инстаграм, Јутуб, но и страници за порнографија. А има и такви кои се однесуваат на нарушени меѓусемејни односи, каде се користи видео камера.

„Најголем дел од претставките се однесуваат на пробиени или хакирани фејсбук профили или креирање на лажни профили каде некој се претставува во туѓо име или измислен лик кој сака да направи некоја „беља“ кон трета страна. Кој било што се појавува како потенцијална жртва, се бара итност во постапувањето. Ние објективно не можеме да постапиме пократко од 24 часа. Комуникација со Фејсбук администрацијата која е сместена во Даблин е солидна, но добиваат милиони барања на дневна основа, веројатно и тие прават некоја приоритизација што е побитно. Детскатa порнографија, на пример, е далеку поважна од само пробивање на некој профил на социјална мрежа“, посочуваат од Дирекцијата.

Речиси секогаш кога станува збор за злоупотреба на социјалните медиуми, целта не е да се наруши исклучиво приватноста на некого. Тоа е само прв чекор кон вториот и главен напад. Анализите на европско ниво покажуваат дека 7 од 10 луѓе употребуваат една иста лозинка и за Фејсбук, Јаху, но и за електронско банкарство. Сходно на тоа, пробивањето на профилот дава 70 насто веројатност дека некој може да дојде и до нашите пари. Препораката тука е: доколку бидете жртва на пробиен профил или се креира профил за вас без оглед на мотивот треба целосно да го промените својот дигитален идентитет. Задолжително да се променат сите лозинки. Или едноставно да не користите иста лозинка за сите профили на интернет како дигитален идентитет.

Во однос на скандалот кој ја тресе македонската јавност со споделување на порнографски материјал и злоупотреба на фотографии на малолетнички на апликацијата Телеграм, од Дирекцијата информираат дека досега немаат примено ниту една претставка.

ДЗЛП под мотото “Иницијатива од граѓаните до граѓаните” од 28 до 31 јануари организира отворен ден за граѓаните, кои можат да постават прашања за заштита од злоупотреба на лични податоци, неовластено објавување фотографии, видео или аудио снимка или пак, за креирање лажни профили.

Извор: ЦИВИЛ Медиа

Next Post

Весникот што објави снимки за „Рекет“ во спрега со радикални десничари и Русија

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk