ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АКЦЕНТИ

Дали Мицкоски има инстант мандат да ги спасува вмровските ѕвезди од случаите на СЈО?

Едноставно, постапките на Мицкоски, и во однос на новите законски решенија, и во однос на историските договори што ги потпиша Македонија со Грција и со Бугарија, а кои гарантираат европска и сигурна перспектива, се антидржавни и одат директно на штета на граѓаните.

January 29, 2020 20:08
in ДЕНЕС, АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

На Христијан Мицкоски, во годините додека е лидер на ВМРО ДПМНЕ, главна преокупација му е како да ги затвори предметите на СЈО и да ги спаси од затвор криминалците, инаку поранешни и актуелни партиски функционери.

Како поинаку да се протолкува деструктивната политика што ја промовира, наспроти шансата што ја има, да се издигне над партиските и личните интереси, да им одолее на диктатите од Будимпешта, и да излезе од криминалната матрица со цел да ѝ помогне на државата во евроинтегративниот процес.

Но, Мицкоски упорно ја пропушта шансата да ја трансформира партијата и да им помогне на судско – обвинителските институции да ги гонат престапниците на ВМРО-ДПМНЕ во објективна, независна и професионална постапка. Пример за тоа е игнорирањето на новиот закон за јавно обвинителство.

Едноставно, постапките на Мицкоски, и во однос на новите законски решенија, и во однос на историските договори што ги потпиша Македонија со Грција и со Бугарија, а кои гарантираат европска и сигурна перспектива, се антидржавни и одат директно на штета на граѓаните.

По сѐ поизвесниот пораз на изборите на 12-ти април, неизвесно е дали Мицкоски ќе ја задржи лидерската позиција во партијата. И предизборно, ВМРО-ДПМНЕ е поделена на фракции, а сѐ погласни се информациите дека голем дел од членството нема да гласа за партијата, револтирано од политиката што ја води.

По изборниот пораз, ќе се зголемуваат и конфронтациите во партијата, но ќе се појават и членови кои ќе бараат одговорност за изборниот пораз. Многумина видни членови на партијата во поразот на Мицковски гледаат шанса да ја преземат партијата, или тоа што ќе остане од неа. Ова сознание ги подгрева стремежите на неколкумина вмровци кои тежнеат кон пораз на партијата на избори.

Ако Мицковски замине од челната позиција во ВМРО ДПМНЕ тогаш неговиот краток мандат во партијата навистина ќе биде инстант, односно мандат во кој само се обидувал да најде начин како да ги заштити своите криминалци, преку притисоци во судството, преку погрешни политики во парламентот, преку јавните настапи со дистрибуција на лажни вести… А имаше шанса целата стратегија да ја води поинаку, но тоа би подразбирало правда, чесност и одговорност, нешто што одамна не е карактеристика на опозицијата.

Кога дојде на функцијата во јавноста тоа се толкуваше дека е кадар кој верно ќе ја чува лидерската фотелја за Груевски до моментот кога тој ќе реши да се врати. Но, се случи бегството од правдата на Груевски и ова е период во кој Мицковски и понатаму не се откажува од привремената улога да му го чува лидерското место на својот ментор.

Па затоа полесно му е да слуша наредби од таму, отколку да започне да спроведува своја политика.
Мицковски и Груевски се одамна поврзани, уште кога првиот земаше високи хонорари како советник на вториот.

Мицковски дојде на лидерското место со директна помош на Груевски, а тоа кога тогаш Никола од Будимпешта ќе си го наплати.

ПРВА ЛИНИЈА

 


Преземањето е слободно и добредојдено. 

Next Post

Расправата со расправа заврши…

Shortcut

Најново

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 12, 2026
Фото: СКРМ

СКРМ и Министерството ќе формираат работни групи за Колективниот договор и Законот за култура

August 12, 2026

Пацови

August 11, 2026
Фото: Скриншот

Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад осуден на смрт во отсуство

August 11, 2026

СДСМ предупредува на дива депонија во близина на изворот Рашче

August 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk