ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Корона вирусот ги обедини сервисите за проверка на факти за борба против дезинформациите

Според она што го соопшти IFCN, најбројни се дезинформациите дека е подготвена вакцина за овој опасен вирус што од Вухан, Кина полека почна да се шири и во други градови на најнаселената земја и во светот, а следни по застапеност се големиот број лажни информации за изворот на фаталната болест. Теориите на заговор се на третото место

January 30, 2020 10:45
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

„Армија“ од најмалку 48 организации од целиот свет обединети во рамките на Меѓународната мрежа за проверка на факти (IFCN) интензивно работат на разобличување на дезинформациите за корона вирусот 2019, пренесува МЕТА.

Според она што го соопшти IFCN, најбројни се дезинформациите дека е подготвена вакцина за овој опасен вирус што од Вухан, Кина полека почна да се шири и во други градови на најнаселената земја и во светот, а следни по застапеност се големиот број лажни информации за изворот на фаталната болест. Теориите на заговор се на третото место.

Меѓународната мрежа на проверка на фактите за новооткриениот сој на корона вирусот ќе функционира сè додека болеста се шири, а може да се следи и на социјалните мрежи, преку хаштаговите #CoronaVirusFacts и #DatosCoronaVirus.

Првиот бран дезинформации е тврдењето дека пред неколку години е издаден патент за вирусот. Во САД, организациите-учеснички разобличија десетици постови на социјалните мрежи и докажаа дека во моментот не постои вакцина против вирусот и дека сите дезинформации од оваа категорија се поврзани со претходно познати видови на коронавирусот.

Инаку, корона вирусите првпат се идентификувани во 1960-тите години, а има значителен број видови. Од коронавирусите што ги напаѓаат луѓето, најзастапени се четири типа, а меѓу помалкубројните се и Сарс-от и Мерс-от.

Вториот бран невистини произлегол од Тајван, како географски многу близок на Кина. Во обидот да се заштитат себеси и другите од новиот силен корон вирус, луѓето на социјалните мрежи почнале да шират најразлични, честопати и бизарни начини за заштита. Така, Тајванскиот центар за проверка на фактите разобличил неколку постови кои тврделе дека, меѓу другото, со оцетна киселина човек може да се заштити од вирусот.

Интересна е и приказната на грузискиот сервис за проверка на фактите „Мит детектор“ кој разобличил вест на една руска телевизија, која стара снимка од лабораторија за биолошка заштита ја поврзала со „информација“ дека САД го шират корона вирусот 2019 во Азија преку свои лаборатории во регионот.

„Пораката е јасна: Ако нема потврда од медицинските власти, не споделувајте информации за заразени или смртни случаи од новиот коронавирус“, порачува Меѓународната мрежа за проверка на факти (IFCN).

Next Post

Почнува анкета, граѓаните ќе одлучат дали ќе има зонско паркирање во Карпош 1

EVN

НАЈНОВО

Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

Ретка небесна атракција: Кометата C/2025 R3 видлива со голо око над македонското небо

April 14, 2026
Фото: СКРМ

СКРМ најави голем протест на 16 април пред Министерството за култура: „Колективниот договор е под удар“

April 14, 2026

Мицкоски: Задоволен сум од работата на директорот на Царинската управа, историски приходи и петкратно зголемени кривични пријави

April 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот, видео Фронтлајн на Фејсбук

    ЕКСКЛУЗИВНИ видео снимки на Фронтлајн од Будимпешта: Унгарците го слават падот на Орбан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Маѓар со порака до Груевски: Унгарија повеќе нема да биде засолниште за меѓународни криминалци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 13 април 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ако падне Орбан – кој ќе падне со него?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орбановиот пораз како опомена за Македонија  

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk