ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Рашела Мизрахи, седи КЕЦ

Таблата позади Мизрахи всушност е онаа порака која Мицкоски секојдневно во неговата замаглена реторика ни ја испраќа, а ние упорно се правиме како да не ја гледаме. Таблата од Мизрахи е начинот кој ни кажуваат како ќе владеат и кон кој правец ќе ја насочат нивната деструктивна енергија. Со вакви табли и слични провокации, ако им дадеме шанса, Мицковци ќе го поткопуваат Преспанскиот договор, сè додека не го потонат

February 9, 2020 09:35
in ФРОНТ, ESPRESSO, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ

Мизрахи и нејзината епизода со „таблата“, некако само бегло се провлече во јавноста.

Мизрахи од позиција на техничка министерка ја сменила таблата (параванот) со комплетното уставно име и ја поставила старата табла.

Не навлегувајќи во навидум замаглената вмровска реторика која излегував од Мицкоски химселф, сега од министрите и замениците во техничката влада и секогаш од врхушката на ДПМНЕ олицетворена во Милошоски, Илче Димоски, Влатче Ѓорчев, и оној со црвените обравчиња заборавам му името нека ми прости, кога се работи за Преспанскиот договор, вакви провокации како оваа со таблата од Мизрахи, па била и само техничка министерка во преодната влада, ич не е бенингно како што навидум изгледа.

Она што не е „навидум“, туку апла очигледно и боде очи, е тоа што Мицкоски и сега неговата замаглена реторика околу Преспанскиот договор, во првиот момент на добивање каква и да е позиција на власт, тогаш реториката ќе ја потврдат во дело. Мицкоски, драги мои, ќе бара табли, паравани и слични методи за да го минира Преспанскиот договор на секој можен начин. Минирањето на Преспанскиот договор значи „бетон“ на нашите шанси за пристапување во ЕУ, а армираната вмронштина на Мицкоски го знае тоа и не отстапува ни за милиметар од флеката која гордо си ја носи – од неговиот газда бегалецот од Будимпешта.

Се сеќавате како почна Грујовата антиквизација?

Грујо тогаш го искористи ветото од Грција во Букурешт и нашето невлегувањето во НАТО, Мицко сега сака да го искористи француското вето за преговорите во ЕУ за да се дочепа до власт. Треба ли да се потсетиме дека со секој еден антички споменик, со секоја една промена на име на улица, автопат, или објекти, Грујо и неговата погубна политика од ден на ден не оддалечуваше со километри и години сè подалеку од ЕУ и НАТО? Тогаш почна со промена на името на автопатот, па следеше провокацијата со промена на името на аеродромот, па тек после почна онаа агресивна и лудачка антиквизаторско-мафијашка нуклеарка „Скопје 2014“, со која ем нè обезличија, ем не одалечија од ЕУ, ем нè испокрадоа. А сега, сега почнува со таблата позади Мизрахи. Цели 11 години режим и арамилак нè кошташе тоа тогаш наше бегло посматрање на навидум неопасните провокации.

Таблата позади Мизрахи всушност е онаа порака која Мицкоски секојдневно во неговата замаглена реторика ни ја испраќа, а ние упорно се правиме како да не ја гледаме. Таблата од Мизрахи е начинот кој ни кажуваат како ќе владеат и кон кој правец ќе ја насочат нивната деструктивна енергија. Со вакви табли и слични провокации, ако им дадеме шанса, Мицковци ќе го поткопуваат Преспанскиот договор сè додека не го потонат.

И ништо не е случајно, туку добро пресметано. Оние сили кои не и сакаат добро на оваа држава и кои поткопувајќи го Преспанскиот договор ни ја закопуваат секоја шанса за просперитет, добро го пресметале тоа и нема да застанат. Ене, чист пример е бојкотирањето на Законот за ЈО и измислување на купишта празни процедурални и забелешки за донесување на истиот.

Ако ова не ни е јасно, ако не гледаме дека на оваа „Мизрахи табла“ оваа проста 2+2 Мицкова математика ни добива резултат 5, тогаш со здравје да си ги носиме вмронците.

Но, Мицковци се прелагале во пресметката.

Од ПР вмронската кујна пресметале дека каква и да е реакција на критичката јавност или спротивниот политички табор на овој навидум непромислен потег на Мизрахи, сега предизборно, како и да се заврти е повеќе во „нивна корист“. Пресметал ПР-от вмронски дека сè уште граѓаните се сензитивни на темата со промената на името и намерно пуштаат провокации, за да предизвикаат реакција.

Она што не пресметале вмронските пи-ари е дека македонската јавност веќе е добро созреана и дека такви евтини финти повеќе нема да им поминат.


Сите права се задржани. УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ.

 

Next Post

На крузерот во Јапонија 12 заразени се Американци

Shortcut

Најново

Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

September 22, 2026

Мицкоски се пофали со разговор со Рубио, СДСМ: Тоа беше средба во ходник

September 21, 2026
Никола Спасов

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026

КУРШЛУС: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk