ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Се чека Бојан Јовановски за да почне судењето за „Рекет“

Судскиот процес за „Рекет“ се наоѓа во доказна постапка и треба да продолжи со презентирање докази.

February 10, 2020 11:10
in ПРАВДА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Сè уште е неизвесно дали ќе се одржи денешното рочиште за „Рекет“, бидејќи обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13 не е пристигнат во Кривичниот суд. Судијката Васка Николовска Масевска рече дека ќе почекаат половина час за да добијат информација зошто Јовановски не е навреме спроведен во судница и пак дали е во прашање неговата здравствена состојба.

Судскиот процес за „Рекет“ се наоѓа во доказна постапка и треба да продолжи со презентирање докази.

На претходното рочиште беа прикажани снимки од камерите во куќата на Јордан Камчев, што тој во својство на сведок ги има доставено во Обвинителството како доказен материјал. Станува збор за снимки на кои се прикажани Бојан Јовановски – Боки 13, Зоран Милевски -Кичеец и Камчев, што беа објавени од италијанскиот весник „Ла Верита“, а потоа и во македонските медиуми, само што истиот настан беше прикажан од повеќе агли односно од други камери.

Беше пуштена и снимка од необјавена емисија „Инсајдер”, а презентирани беа и фискални сметки од обвинетиот Бојан Јовановски од 2019 година за облека што ја купувал од брендирани бутици во Италија.

Сметките, преку 20, се на износи од 300 до 9.000 евра и повеќе. Вкупниот износ е 148.000 евра, потрошени за три дена во Италија.
Во доказите беа презентирани и извештаи од вештачењето од мобилните телефони на Јовановски за комуникација на Ватсап меѓу Боки и Катица Јанева на која и праќал слики од мебелј и ја известил дека е стигнат. како докази беа презентирани и пораки од Јордан Камчев и од пратеничката Фросина Ременски, испратени до Боки 13.

Случајот го води судијката Васка Николовска-Масевска, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во октомври годинава поднесе обвинение против Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милевски.

Првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, а Јанева и Милевски за „примање награда за противзаконито влијание“. Второобвинетата Јанева се товари и дека сторила и кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

На првото рочиште за „Рекет“, што се одржа на 3 декември, третообвинетиот Зоран Милевски-Кичеец призна вина, по што беше осуден на три години затвор.

Next Post
Фото: Арбен Зеќири

Предлог-законот за јавно обвинителство во собраниска процедура

Shortcut

Најново

Анаис. Мотив, Битола Широк сокак

Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

June 8, 2026

Со прекугранична вело-тура околу Охридското Езеро успешно заокружени активностите за Денот на Европа 2026

June 8, 2026

СДСМ: Фронтот за вистина и правда е повик за надпартиско обединување за иднината на државата

June 8, 2026

Мицкоски: Ќе сториме сè за да им помогнеме на извозно ориентираните компании во реализација на нивните амбиции

June 8, 2026

Дејан Дуковски во фокусот на „Војдан Чернодрински“: Од Прилеп се лансирав како автор

June 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk