Панел дискусија на тема „Слободни избори наспроти црна пропаганда“ ќе се одржи денеска во организација на ЦИВИЛ, во хотел „Сити парк“, на пладне.
Учесници на панелот, како што најавија организаторите, ќе бидат заменик-министерката за внатрешни работи Славјанка Петровска, националниот координатор за стратегиски комуникации во Владата Марјан Забрчанец, и Јасна Бачовска, универзитетска професорка. Модератор на панел дискусијата ќе биде претседателот на ЦИВИЛ Џабир Дерала.
– Како црната пропаганда влијае врз условите за одржување слободни избори? Што треба и што можат да направат Владата и релевантните институции, а што граѓанското општество во борбата против црната пропаганда, лажните вести, дезинформациите и говорот на омразата? Што е црна пропаганда? Што се хибридни закани врз демократијата? Со кои предизвици се соочува Северна Македонија? Кои се искуствата на нашата земја со црната пропаганда и хибридните закани врз демократијата?, се наведува во соопштението.
(Видео колумната ФРОНТЛАЈН АКЦИЈА – актерката Владанка Димковска повикува на АКЦИЈА против лажните вести #FrontAction)