2/3 за Законот за јавно обвинителство носат правда, правна држава и европска иднина:
– Гарантирана судска разрешница на сите предмети од СЈО.
– Нема амнестија за ниту еден случа.ј
– На обвинетите ќе им се суди врз база на докази кои беа обезбедени низ долги постапки за што основни индиции беа бомбите.
– Најголеми и единствени противници на Законот се токму обвинетите во предметите од СЈО кои сакаат да избегаат од правдата, тоа кажува многу.
– Правниот систем добива трајно решение без да има потреба од специјални институции и ад хок експериментални решенија.
– Пржино оди во историјата, правната држава добива трајно решение.
– Бомбите ќе бидат уништени како материјал, а дијалозите во нив ќе останат засекогаш да сведочат за деценијата криминали, газење врз луѓето и уништување на државата.
– Бомбите остануваат докази во случаите на СЈО покренати до 30.06.2017 година како што беше предвидено со основањето на СЈО.
– Законот е поддржан од ЕУ, САД и од Државниот јавен обвинител.
– Го преземаме најважниот чекор за нашата европска интеграција, после ова ЕУ е на потег.
фејсбук статус на Марјан Забрчанец