ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Аман, Собрание, распушти се!

Бројчано и персонално произведен од травестијата на последните избори кога, со тешка мака, се рушеше „Бастиљата“ на минатата власт – „диктатура“, „режим“, „автократура“... одберете квалификатив по сопствено наоѓање – Собранието помина низ, убедливо, највалканиот период на македонската политика, од осамостојувањето до денес.

February 14, 2020 11:19
in ФРОНТ, ДЕНЕС
Фото: Арбен Зеќири

Фото: Арбен Зеќири

Share on FacebookShare on Twitter

ПИШУВА: САШО ОРДАНОСКИ

Овој состав на македонското Собрание ќе се памети со истиот историски интензитет со кој ќе сакаме што побрзо да го заборавиме!

Бројчано и персонално произведен од травестијата на последните избори кога, со тешка мака, се рушеше „Бастиљата“ на минатата власт – „диктатура“, „режим“, „автократура“… одберете квалификатив по сопствено наоѓање – Собранието помина низ, убедливо, највалканиот период на македонската политика, од осамостојувањето до денес. Ги практикуваше методологиите на сите познати и тешко замисливи политички заговори, од кои би се засрамиле римските конзули и цезарите од времето на Калигула и Нерон; Макијавели не им е ни до глуждови. Беше на работ реално да го репризира палењето на Раjхстагот од 1933 година. Од пазарењата, подметнувањата, лицемерието, лажењето и наддавањата би можеле да учат најдобрите џамбази на сточниот пазар во Кривогаштани.

Овој пратенички состав ја „отрезни“ демократската романса на граѓанската „епопеја“ од Шарената револуција, а во него ќе завршат повеќе осомничени и амнестирани криминалци на квадратен метар, од членството во бандите на Бронкс на квадратен километар.

Додека тие заседаваа, одлуките се носеа во Клубот на пратеници, бидејќи секој секому нешто должи, а сметката мора да ја потпишат крчмарите.

Во ова Собрание Заев, со еден-двајца пратеници владино мнозинство, вежба(ше) демократија „развлечена“ до две третини поддршка, како што ластик се тегне на распарани гаќи. Во него ДУИ докторираше хипокризија, а запиша и пост-докторски студии по предметот Мижи-бутај. Од него Груевски кукавички пребега, во него Муковски ширум порти отвораше, на Зијадина главата му ја искршија, Амди половина мандат го преспа, а во заборав го испративме Иванов и со надеж го дочекавме Пендаровски… Плус, отворивме рафинерија за нафта за да им ги покриеме патните трошоци на скромните избраници на народот.

Па, сепак, тоа е Собранието коешто, во стилот на олимписките рекордери во кревање тегови – знаете, оние набилдани типчиња со бордо напнати фаци за кои не сте сигурни дали од напор на душекот ќе прднат или ќе го соборат следниот светски рекорд – го изгласа и Преспанскиот договор и Референдумот за името и десетици други реформски и уште толку полуреформски закони, за на крајот да го ратификува и нашето пристапување во НАТО… Да ви се смачи од самата помисла дека, кога нас ќе нè нема, нив групно ќе ги паметат, макар како фуснота, запишани во македонската историја.

А последните, полноќни вести се дека ова Собрание не сака да се распушти! Како што тргнало, изгледа сме поблиску до ново владино мнозинство, одошто до потребното мнозинство за изгласување на Законот за јавно обвинителство и другите предизборни дребулии.

На ДУИ не им останува уште многу време за блефирање. Сега е моментот кога ќе мораат да одлучат дали повеќе им иска одошто им стиска. Ќе одат на избори или во опозиција? Иако првото не го исклучува второто…


Сите права се задржани. УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ.

Next Post

(НАЈАВА) Интервју со Петар Арсовски за мултикултурализмот во време на Шарената револуција

Shortcut

Најново

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

ЦИВИЛ – БРИФИНГ ЗА ВОЈНАТА ВО СЕНКА: Ескалација на нападите врз системите за поддршка на Украина

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026
Тернопил, 15 октомври 2026 (ДСНС)

Нови жртви на рускиот терор во Украина, Москва планира поголем воен буџет

October 15, 2026
International White Cane Safety Day (photo: WHO / Sebastian Liste)

15 Октомври – Меѓународен ден на белиот стап: Правото на самостојност и пристапност не смее да биде привилегија

October 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk