ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Ангеловска: Преку обуки и креирање вештини за успех до поголема вработеност на младите во земјава

Министерката за финансии посочува дека клучно е усогласување на вештините на барателите на работа со побарувачката на пазарот на труд

February 14, 2020 12:53
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Преку обуки и креирање вештини кај младите, до поголема вработеност на младата популација во земјава. Вклучувањето на бизнис-секторот во креирањето на тие вештини, преку едукација, е од особено значење за зголемување на вработеноста на младите.  Министерката за финансии Нина Ангеловска, како што соопшти МФ, вчера одржа предавање како ментор-волонтер на бесплатната програма “Вештини за успех” за едукација на невработени млади лица во едукативниот центар на Пивара Скопје.

Министерката за финансии посочува дека клучно е усогласување на вештините на барателите на работа со побарувачката на пазарот на труд. Ангеловска истакна дека развивањето на претрпиемничкиот дух и размислување кај младите е од особена важност за растот и развојот на економијата.

-Искористете го вашиот потенцијал до максимум и барајте можност каде другите не можат да ја најдат. Бидете проактивни и секогаш трудете се да испорачате над просекот, како во професионалниот, така и во приватниот живот. И не заборавајте дека знаењето, упорноста, оптимизмот и ентузијазмот ќе ви помогнат да ги надминете предизвиците и да станете посамоуверени и посилни, порача министерката Ангеловска на младите кои беа присутни на вчерашното предавање.

Како што посочи министерката за финансии невработеноста е на историски најниско ниво од 17,1 отсто, додека вработеноста е на највиско ниво од 47,4 отсто. Стапката на вработеност кај младите од 15 до 24 години, исто така во континуитет расте, но во секој случај треба да се подобри. Кон тоа се дејствува преку активните мерки за вработување, но добредојдени се и иницијативите за општествена одговорност од бизнис-секторот, со кои се зголемува вработливоста кај младите.

Директорот за односи со јавност и комуникации на Пивара Скопје Ламбро Патче, посочи дека преку програмата за бесплатна едукација за невработени млади лица од 18 до 30 години на компанијата е поддржана и од Агенцијата за вработување, како и Министерството за труд и социјална политика со кои имаат потпишано меморандум за соработка. Во 2019 година над 1.700 млади лица поминале низ обуката. Околу 45 отсто од лицата кои ја поминале обуката во првата половина од минатата година се вработиле или самовработиле преку започнување сопствен бизнис, додека 65 отсто од лицата вклучени во програмата се жени.

Целта на обуките е кај учесниците да се поттикне самодоверба, самопочит и воспоставување врски со релевантни ментори, за охрабрување на претприемничката култура и за мотивирање на младите да ја земат иднината во свои раце. Освен предавањата во училница се организираат и курсеви за едукација кои можат да се следат преку дигиталната платформа

Next Post

Советот на јавни обвинители го осуди поставувањето експлозив во возило на јавен обвинител

Shortcut

Најново

Фотографија: Unsplash

Младите бараат образование наместо оружје: Протести против планот на ЕУ за 800 милијарди евра за одбрана

November 20, 2026
Јана Коцевска

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

Тутунари, не дозволувајте грешките при пакувањето и чувањето да ви го намалат откупот

November 19, 2026
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова (извор: Wikipedia)

Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

November 19, 2026

Емил Цветанов: ВФМ мора да биде симбол на фер-плеј, чесност и еднаков третман

November 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спасовски: Изборот е направен, насоката е потврдена, продолжуваме по правиот пат во европска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мислете му ја!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk