ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

„Никогаш кокаинска, секогаш Македонија!“

Затоа, баталете Александре Николовски политички поентирања на оваа тема – да сакаше вашата партија да се справи со овој проблем во едната деценија на власт, немаше денеска ни приближно да има потреба за апсења во Крушопек!

February 20, 2020 08:58
in ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ

„Дојде Чулев и веднаш имаме акција против дрога, тоа е разликата“, вели Александар Николовски по апсењата во Крушопек во врска со пронајдениот еден килограм кокаин во близината на Скопје.

Тоа ви е како да кажете: „Дојде Чулев и веднаш снема пасоши, тоа е разликата.“

Ама тоа Николовски никогаш не би го кажал. Зошто? Бидејќи ниту вината, ниту заслугите за овие состојби, најверојатно, не се (само) кај министерот Чулев…

Пред неколку години, се обидував да ја истражам состојбата со илегалната трговија со наркотици во Македонија. Ми беше многу симптоматично – и, скраја да е, не сум единствениот со таков впечаток – што, по заплената на половина тон кокаин во 2007 г. (добро познатиот случај „Полетан“ и тн.), во државава цела деценија немаше ниту една акција не од сличен, туку речиси од никаков „кокаински“ обем. Тук-там главно се апсеше за, помалку или повеќе, безначајни количества марихуана, а имаше и неколку полициски акции во кои „паднаа“ една-две „лаборатории“ за производство на синтетички дроги за различни, опасни, „рекреативни“ супстанци во облик на апчиња. Но, полициски акции за заплена и апсења за скапиот кокаин ретко или никогаш не се објавија цела деценија и кусур во полициските билтени на МВР. Сè до тековниот случај со актерката Силвија Стојановска и нејзините блиски, лани, во декември – што е, патем, директен демант на партиско-пропагандната изјава на г. Николовски.

Моите неколку, добро упатени полициски извори за темата за трговијата со тешки наркотици, независно едни од други, без никаква резерва се согласија дека кога и да се работи за полициски акции со апсења на осомничени за поседување или транспорт на поголеми количества хероин или кокаин, секогаш зад тие операции стои меѓународна полициска координација (имено, како во случајот со, наводната, илегална операција на блиските на Стојановска; или оној за велешката „Франкфуртска мафија“), во принцип предводена од американската анти-наркотичка служба ДЕА. Околу тоа нема позначајни професионални разлики, без разлика – како сега – кој се обидува пропагандно да се закити со „перјата“ на успехот од тие акции.

Истите тие извори се согласуваат и во една друга констатација: дека Македонија, кога се во прашање крупни илегални преноси на тешки дроги, е „само“ транспортен коридор на меѓународните, јужно-американски и албанско-српско-црногорски криминални кланови, кои ги „развезуваат“ пратките со дрога низ државава до своите крајни дестинации. Затоа ДЕА и не дозволува овде да се прават театрални полициски апсења, бидејќи се стратегиски многу позаинтересирани да ги откријат целите „кадровски“ и финансиски мрежи и крајните дестинации на овие криминални банди чии пратки завршуваат на големите и многу профитабилни нарко-пазари во Западна Европа.

Но, тоа не значи дека во Македонија не се шмрка кокаин! Напротив! И за тоа постои согласност кај полициските извори: дека локалната трговија со хероин и кокаин не би била можна доколку зад неа не стои домашна полициска поддршка, со профитабилно логистичко учество и заштита на „трговците со смртта“ и на долни и на горни и на „најгорни“ ешалони од безбедносните служби. Во држава во која, на пример, тајната полиција незаконски и со години прислушувала 20-30 илјади граѓани, не е можно ни да фатите швалерка, а не па да продадете десет грама кокаин, а за тоа да не знае „надлежната“ безбедносна инстанца.

Е, за тоа ќе чуете бројни приказни, со многу „сочни“ имиња и презимиња во нив, но никој не сака јавно да говори, што се вели, „пред камера“, бидејќи главата „ќе им летне“ и пред да ја завршат првата реченица! Така и се случува ретките новинарски стории за овој добро етаблиран криминал кај нас да се главно потпрени врз шпекулации, повторување општи места и неодредени нагаѓања – слично на овој текст.

Затоа, баталете Александре Николовски политички поентирања на оваа тема – да сакаше вашата партија да се справи со овој проблем во едната деценија на власт, немаше денеска ни приближно да има потреба за апсења во Крушопек!

А, наместо бесконечно да се „дрндаме“ за Преспанскиот или Охридскиот договор, да седневте со колегите од СДСМ, кои за темава се со истиот кабает како и вие од ВМРО, па да нè израдувавте нас, родителите и сите граѓани во државава, со еден ЗАЕДНИЧКИ предизборен план за сузбивање на овој трагичен општествен проблем? Којзнае, можеби и супер-експертите од ДУИ ќе ви дадат поддршка?!

Еве ви и наслов за таа стратегија: „Никогаш кокаинска, секогаш Македонија!“… Задолжително двојазично, со превод на албански.

Сите права се задржани. УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Во израелските напади врз Појасот Газа убиени 20 луѓе

July 5, 2025
Фото: ВИ

Трамп „многу незадоволен“ од разговорот со Путин за Украина

July 5, 2025
Фото: ЕПА/МИА

Во Еквадор запленети три тони кокаин, кои и припаѓале на албанската мафија

July 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е куељовски јунак кој седи на ритчето и во долината го посматра сопственото умирање!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп не знаел дека навредливиот термин што го употребил во говорот се смета за антисемитски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бајач од скопско Трубарево, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk