ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев и Ципрас добитници на Меѓународната награда за мир на Вестфалија за Преспанскиот договор

-Алексис Ципрас и Зоран Заев постигнаa дипломатски подвиг со постигнатиот договорот за повеќедеценискиот конфликт околу името на Македонија, давајќи многу значаен придонес за стабилноста на целиот балкански регион’, изјави д-р Рајнхард  Зинкан претседавач на Економската заедница на Вестфалија и Липе, објавувајќи ги добитниците на Меѓународната награда  за мир на Вестфалија за 2020 година.

February 20, 2020 10:12
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Поранешните премиери на Северна Македонија и на Грција Зоран Заев и Алексис Ципрас се овогодишни добитници на Меѓународната награда за мир на Вестфалија, со која им се дава признание за Преспанскиот договор со кој е постигнато решение на спорот за името.
-Алексис Ципрас и Зоран Заев постигнаa дипломатски подвиг со постигнатиот договорот за повеќедеценискиот конфликт околу името на Македонија, давајќи многу значаен придонес за стабилноста на целиот балкански регион’, изјави д-р Рајнхард  Зинкан претседавач на Економската заедница на Вестфалија и Липе, објавувајќи ги добитниците на Меѓународната награда  за мир на Вестфалија за 2020 година

Во образложнието Зинкан нагласува дека и двајцата сега поранешни шефови на влади ги ставиле политичкиот контекст и иднината пред личните политички кариери.

-Без Ципрас и Заев, прашањето околу името немаше да се разреши и меѓусоседскиот спор ќе продолжеше да го дестабилизира целиот Балкански регион, додава Зинкан.

Наградата свечено ќе биде доделена на 19. септември, во рамки на Самитот во Минстер, каде што на посебна панел дискусија ќе се обратат двајцата поранешни премиери и доскорешната преставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини.

Инаку, со оваа награда Преспанскиот договор е потврден како клучен документ за стабилноста и европската иднина на регионот, пред се на Северна Македонија. Договорот со Грција ги гарантира нашите перспективи и стремежи кон европското семејство. Ваквите награди со високо значење треба да претставуваат поттик за лидерите на двете држави да продолжат со имплементација на договореното со почитување на заедничките вредности.

Меѓународната награда за мир на Вестфалија е воспоставена во 1998 година од Асоцијацијата на претприемачи на Вестфалија и Липе и се доделува на секои две години. Меѓу досегашните добитници на ова угледно признание се Вацлав Хавел, Хелмут Кол, Курт Масур, Карла дел Понте, Кофи Анан, екипажот на Меѓународната вселенска станица, балтичките држави итн..

Паралелно со доделувањето награди на личности или претставници на држави за нивната мировна работа во Европа и светот, наградата се доделува и на млади луѓе кои поставиле пример за политичко, социјално и еколошко помирување. Годинава, покрај Заев и Ципрас, добитник на младинската награда е иницијативата Plant-for-the-Planet. 

Next Post

Институтот „Крсте Мисирков“ ќе го одбележи Светскиот ден на мајчиниот јазик

НАЈНОВО

Втор круг локални избори во 18 општини во Косово, воведени дополнителни безбедносни мерки

November 9, 2025

Дијана Хрка му одговори на Вучиќ: Нема да му простам

November 9, 2025
ВИ

Издадено предупредување за цунами во Јапонија по земјотресот од 6,8 степени

November 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk