По 13 години низ судските лавиринти – денска уште една пресуда за случајот „Змиско око“. Изречени се четири ослободителни и четериесет условни казни затвор за обвинетите. Дел од нив незадоволни, најавија дека правда ќе ја бараат во судот за човекови права во Стразбур. Претходно првостепената пресуда ќе ја обжалат пред Апелација, пренесе ТВ24.
Низ годините, Кривичниот суд донесе две пресуди, но Апелација ги укинуваше. 72 лица беа упасени на спектакуларен начин, со вооружени специјалци. Акцијата се спроведе во ноември 2007 година.
Тогашната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска тогаш истакна дека се реализирала најголемата, најдолгата и најмасовната операција досега. Уапсените се гонеа дека организирано формирале злосторничка дружина која не издавала фискални сметки за платени патарини. Инаку обвинеиото го пишуваше Вилма Русковска.