ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Дием25: ЕУ треба да стане област на заеднички просперитет, мир и солидарност за сите Европејци

ЕУ треба да стане област на заеднички просперитет, мир и солидарност за сите Европејци. Ние мора да дејствуваме брзо, пред ЕУ да се распадне, додаваат во соопштението. Основачи на движењето се Јанис Варуфакис и Среќко Хорват, а членови се многу истакнати членови како Славој Жижек, Жан Мишел Жар, Брајан Ино и други

February 22, 2020 17:47
in ПОЛИТИКА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Европската Унија е на пат кон дезинтеграција. Европејците ја губат вербата во можноста за европски решенија на европските проблеми. Во исто време, додека вербата во ЕУ опаѓа, ние гледаме пораст на мизантропија, ксенофобија и токсичен национализам, смета пан-европското прекугранично движење на демократите Дием25.

– Доколку овој процес не биде запрен, стравуваме од враќање во 1930-тите, соопштија од спонтаниот колектив Дием25Скопје1 основан на 1 февруари годинава во Скопје.

Затоа, како што се наведува во соопштението, се собравме и покрај нашите разновидни политички традиции – зелена, радикална левица, либерална – со цел да ја подобриме ЕУ.

– ЕУ треба да стане област на заеднички просперитет, мир и солидарност за сите Европејци. Ние мора да дејствуваме брзо, пред ЕУ да се распадне, додаваат во соопштението.

Основачи на движењето се Јанис Варуфакис и Среќко Хорват, а членови се многу истакнати членови како Славој Жижек, Жан Мишел Жар, Брајан Ино и други.

Во соопштението се вели дека идејата за спонтаните колективи на Дием25 ги рефлектира идеите или практиките на самостојно менаџирање и соработка, се потпира врз поимот на шкотското просветлителство за „спонтан ред“, како и врз концептот за „ројот“ на Рик Фалквингеј.

– Водени од одговорно лице од координативниот Колектив, успеавме за кратко време, следејќи ги правилата, да станеме дел од ова широко и глобално семејство, така што сега веќе го имаме нашето лого и официјална е-пошта – skopje1dsc@diem25.org, во меѓувреме работиме на нашите профили на социјалните мрежи, подготвуваме содржини преку кои ќе ги презентираме идеите за демократска трансформација на Европа, веќе го преведовме Манифестот, а исто така правиме планови и за нашите следни активности, додаваат од колективот.

Оттаму информираат дека првиот чекор ќе биде приклучување кон паневропската иницијатива за поддршка на новинарот Асанж, со писмо до амбасадата на Обединетото Кралство во земјава.

Во писмото, членовите на Дием25, ја повикуваат британската влада да го ослободи Асанж и да ја направи неговата екстрадиција во САД невозможна.

– Токму денес, во многу градови низ светот се одвива координирана активност на оваа тема, и ние поради јасната симболика, токму овој ден го одбравме за официјално започнување на активностите на Дием25Скопје1, се наведува во соопштението.

Додаваат и оти Европа во моментов страда на пет полиња – јавен долг, банкарство, зголемена сиромаштија, несоодветни инвестиции и миграцијата. Дием25, велат, е инфраструктура што ќе ја користат европските демократи од сите политички убедувања, со цел да се развијат соодветни одговори на овие кризи.

Оттаму бараат фундаментална промена – институциите на ЕУ, кои првично биле дизајнирани да служат на индустријата, треба да станат целосно транспарентни и одговорни пред европските граѓани. Нивната долгорочна визија е заеднички демократски устав за ЕУ.

Next Post

ДИК го отфрли барањето на Чулев за решението за новиот началник на СВР Тетово

Shortcut

Најново

Анаис. Илустрација Фронтлајн

Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

May 31, 2026
Илустрација Фронтлајн

Експериментален лек го удвојува преживувањето кај пациентите со рак на панкреасот

May 31, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај: Очекуваме цената на дизел горивото да се намали за 6,5 денари

May 31, 2026

Филипче: Ги повикувам сите што знаат дека со оваа власт нема иднина да се приклучат во Фронтот

May 31, 2026

Николоски: Изградбата на автопатот Прилеп-Битола оди со одлично темпо, првите километри ќе бидат готови следната пролет

May 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Илустрација Фронтлајн

    Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk