Концептот „Едно општество за сите“ претставува фундамент врз кој ќе може да го градиме општеството. Дека сите сме исти, ги имаме истите права, истите обврски, но и дека се бориме да имаме можности, што е многу битно. Да, сите имаме права, обврски, но дали сите ги имаме истите можности. Со тој концепт некако се надевавме дека можностите ќе бидат тука за сите нас, пружени, дадени и некако имате чувство дека сте дел од општеството, вели активистката Мерсиха Смаиловиќ во првиот дел од интервјуто за Фронтлајн.мк.
Во однос на борбата против нетолеранција, лажни вести и говор на омраза, институциите мора да покажат поголеми заложби, а поединците мора да ги пријавуваат ваквите случаи и да ги осудуваат, смета Смаиловиќ.
Колку често и врз која основа најчесто Вè дискриминирале?
– Со оглед на тоа дека сум долго во јавниот живот и ме има на медиуми, лично не сум доживеала директна дискриминација врз мене, затоа што луѓето ме познаваат, но жени како мене често доживуваат дискриминација и бараат еден вид поддршка. Најчесто се однесува на нашиот верски предзнак, марама што ја носиме.
Кога сме веќе кај лична дискриминација, бев изненадена кога не ми беше дозволено да влезам во едно скопско кафуле. Прво бев вчудовидена дека мене нешто такво ми се случи……Пробав да ги едуцирам за различностите, еден час се расправав, ми се извинија и келнерот и менаџерот. Го прифатив извинувањето, но не влегов во кафулето….Тоа беше кратко, но многу болно искуство за мене…Чувството да бидеш дискриминиран навистина боли….
Кога ќе доживеете таква дискриминација добивате желба уште повеќе да се борите против таа појава, било да станува збор за родова, верска, религиска дискриминација… Генерално, кај нас жената е дискриминирана по повеќе основи. Ние со самото тоа што сме жени постојано мораме да се докажуваме, за разлика од мажите.
Од кого најчесто доаѓа дискриминацијата?
– Секогаш кога зборуваме за дискриминација мора да тргнеме од причината поради која некој се чувствува дека има повеќе права од другиот, или чувство на супериорност дека тој некој, заслужува повеќе од тебе. Дефинитивно луѓето црпат енергија дали од некои политички фигури, центри на моќ коишто ги охрабруваат дека „во ред е вие некому да му забранувате“ …..
Социјалните мрежи навистина се извор на говор на омраза и дискриминација каде луѓето зад телефоните и компјутерите се чувствуваат комотно да невредуваат колку сакаат, и мислам дека за социјалните мрежи и онлајн платформите, потребни се истражувања и интервјуа каде што може да разговараме.
Сепак, ако институциите и јавните личности се воздржат од користење на погрдни термини, ги осудуваат тие термини, ги осудуваат сите книги и писанија….ако осудуваат мислам дека како ехо ќе одекне ……Барем ќе знаеме дека некој осудил, што било …. а ние како граѓани, мора да го пријавуваме секој говор на омраза…..Таков беше случајот во 2017 година кога од собраниската говорница се ширеа лаги за бегаците. Не постоеше никаков механизам преку кој можеме да се обратиме, да престане да се злоупотребува собраниската говорница. Пратениците земаат плати од граѓаните, а тие наместо да работат на подобрување на политиките и состојбите, шират лажни вести.
Постои ли во изминатиот период напредок во политиките и состојбите кои одат во насока на толеранција во општеството? Делуваат ли институциите?
Можам да кажам дека со концептот кој навидум делува многу едноставен, а тоа е концептот „Едно општетство за сите“, кој беше најавен и спроведуван од страна на Владата од 2017 година до сега, навистина почувствувавме дека има некој фундамент врз кој ќе можеме да го градиме ова општество. Дека сите сме исти, ги имаме истите права, истите обврски, но се бориме да ги имаме можности, што е многу битно.
Да, сите имаме права, обврски, но дали сите ги имаме истите можности. Со тој концепт некако се надевавме дека можностите ќе бидат тука за сите нас, пружени, дадени и некако имате чувство дека сте дел од општеството. Мислам дека сите помали заедници па и сите различни луѓе, нели ние се разликуваме сите по многу нешта, придонесоа до едно позитивно чувство на припадност, чувство дека сте дел од системот.
Но, во однос дека ќе имате исти права, се бориме за исти можности, но од друга страна ве напаѓаат затоа што сте различен, секој од нас е различен по некои карактеристики. Го пријавувате во МВР, дури очекувате од Јавното обвинителство само да покрене истрага по основ на говор на омраза, што многу лесно може да дојде до криминал од омраза, злосторство од омраза.
И гледате дека институциите не одат во чекор со нашите заложби, не одат во чекор со Законите. Не гледаме гасење на некои профили на социјалните мрежи кои константно шират говор на омраза….Дали е тоа институција или медиум којшто постојано шири говор на омраза, значи не зборувам за нешто инцидентно, ефектно, нели имавме големи промени се случуваа, со името, со НАТО, не говором за наплив на емоции, говорам за медиуми и поединци кои константно шират говор на омраза. И тука сметам дека институциите мора цврсто да застанат.
Имаше заложба во борбата против лажни вести и тука палката е повеќе фрлена на новинарите како ќе се изборат, а на нас граѓаните што ќе прифатиме. Мислам дека ние сме тука „ветерот во грб“, дали ќе ги читаме и дали ќе им веруваме на лажните вести. Но генерално, институциите мора да дадат силна заложба и ние мораме да го видиме тоа на дело.
Kолкава е улогата на политичките партии и медиумите во подгревање на нетолеранција, па дури и националистички повици?
– Во однос на политичките партии на промена на начинот на којшто зборуваат, вокабуларот што го употребуваат. Во секој момент тие треба да бидат како мост помеѓу граѓаните и реалните политики, без разлика дали доаѓаат од позиција или опозиција.
Многу мора да се внимава, граѓаните ги следат нивните постапки, нивните говори. Значи, мора сериозно да се внимава и сериозно да се работи со политичките партии. Јас дури и би повикувала на одговорност доколку се изрече дискриминација или говор на омраза од собраниска говорница.
Мора да постои некое тело внатре во Собранието кое ќе ги испитува, ќе води постапки за пратениците коишто ќе употребуваат говор на омраза или ќе пласираат лажни вести.
Во однос на медиумите, тие можат да бидат силен филтер против говорот на омраза, во однос на тоа дека можат да одбијат да пренесуваат, без разлика дали нивната цел е само да информира дека има говор на омраза. А да не говорам за медиумите кои константно потикнуваат говор на омраза, потикнуваат злосторсво од омраза и шират невистини…
Ивана Т. Зафировска
камера: Атанас Петровски
монтажа: Владимир Перчуклиевски