ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Делегација на ЕУ: Да се почитува слободата на медиумите, пристапот до информации и правата од интелектуална сопственост

Од Делегацијата на ЕУ ги повикаа Владата, кабелските оператори и телевизиите заедно со регулаторното тело во областа да најдат заедничко одржливо решение за почитување на овие принципи, за работа за сите комерцијални оператори, како и за примена на правата од интелектуална сопственост. ПОдготвени се, како што велат и да обебзедат дополнителна техничка помош за јакнење на правната рамка и воспоставување правила за сите во медиумскиот сектор.

February 28, 2020 15:01
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Делегацијата на Европската унија во Скопје денеска преку соопштение потсети на важноста на слободата на изразувањето и на медиумите, како и на важноста од пристап до информации за сите граѓани, по последните случувања помеѓу Македонската медиумска асоцијација и Здружението за информатичко комуникациски технологии, откако кабелските оператори најавија прекин со реемитување на ТВ каналите како реакција на измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и обврските што ги имаат  вооднос на авторските права.

Од Делегацијата на ЕУ ги повикаа Владата, кабелските оператори и телевизиите заедно со регулаторното тело во областа да најдат заедничко одржливо решение за почитување на овие принципи, за работа за сите комерцијални оператори, како и за примена на правата од интелектуална сопственост. ПОдготвени се, како што велат и да обебзедат дополнителна техничка помош за јакнење на правната рамка и воспоставување правила за сите во медиумскиот сектор.

– Во однос на случувањата помеѓу Македонската медиумска асоцијација и Здружението за информатички и комуникациски технологии, Делегацијата на Европската унија во Република Северна Македонија е свесна за ситуацијата и многу внимателно ги следи случувањата. Делегацијата на ЕУ потсетува на важноста на слободата на изразување, слободата на медиумите и важноста до пристап за информации за сите граѓани. Ја повикуваме Владата, ТВ-станиците и кабелските оператори во Република Северна Македонија, да седнат на маса со регулаторот за медиуми, да изнајдат одржливо решение што ги почитува овие принципи, работа за сите комерцијални оператори на пазарот и коешто обезбедува имплементација на правата од интелектуална сопственост, наведува  Делегацијата на ЕУ во ставот во однос на слободата на медиумите, пристапот до информации и правата од интелектуална сопственост.

Од Делегацијата на ЕУ дополнуваат дека се подготвени да обезбедат дополнителна техничка помош за зајакнување на правната рамка и обезбедување сеопфатен и постојан пакет правила за сите чинители во медиумскиот сектор.

Здружението на информатичко-комуникациските технологии вчера соопшти дека како општествено одговорни компании и имајќи ја предвид сериозноста на ова прашање, операторите по средбите со државниот врв се согласиле да го одложат датумот за прекин за 2 март 2020 година на полноќ, за да остават простор за наоѓање законско решение во интерес на граѓаните.

Според Здружението, законските измени се спротивни на ЕУ-директивите и на сите основни принципи на радиодифузната дејност и медиумската политика утврдени од страна на ЕУ, за што, како што тврдат, имаат добиено и писмено мислење од страна на Делегацијата на ЕУ во земјава.

Претходно, петте национални телевизии при Македонската медиумска асоцијација ја оценија најавата за прекин на реемитувањето како апсурдна, паушална и незаконска и повикаа сите да ги почитуваат авторските права и оти законот е токму во таа насока. Обвинија дека се соочуваат со пиратерија на 10-ина странски канали  и апелираа операторите да ја преиспитаат најавата за прекинот, а надлежните институции да ги потсетат на обврските што ги имаат со добиените лиценци за работа.

Ресорниот министер Дамјан Манчевские, пак, е оптимист дека ќе се најде решение и очекува позитивен ефект од стапувањето во сила на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

-Интензивно комуницираме на темата со радиодифузерите и операторите сега и пред декември 2018 година и сме имале бројни состаноци за да се обидеме да најдеме решение. Законот се донесе со целосен консензус во Собранието и го поддржаа сите политички партии и со договор помеѓу радидифузерите и операторите. Проблем е на сите тоа што во овие повеќе од една година никој ништо не направи за да се подобри состојбата. Сега се обидуваме да најдеме решение кое ќе значи средување на состојбата, но без да има штета на грбот на граѓаните и корисниците на услугите. Уверен сум дека такво решение постои и оти ќе го имплементираме, изјави Манчевски.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Шекеринска: Ние не ги бираме времињата во кои живееме, време е да инвестираме во мирот и стабилноста

July 2, 2025
Скриншот

Кос: Ситуацијата е јасна – откако ќе се направата уставните промени веднаш започнуваме со меѓувладина конфернција без било какви дополнителни политички условувања

July 2, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

(ВИДЕО) Вимблдон: 11 историски моменти кои никогаш нема да се заборават

July 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    (ВИДЕО) Голема сензација на Вимблдон: Отпадна третата тенисерка на светот за само 58 минути

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Српскиот свет“ и Кина во извештајот за Македонија – ЕП го засилува тонот кон Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Одамна мртов сателит на НАСА емитува силен радио сигнал, збунувајќи ги астрономите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Вимблдон: 11 историски моменти кои никогаш нема да се заборават

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk