Да ги совладаме суетата и празното самозадоволство и да си пружиме рака за помирување, вели во видео пораката по подов православниот верски празник Прочка лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Почитувани граѓани, христијани и сите луѓе со добра волја. Денеска е прочка. Празник на простувањето и помирувањето кој повикува да ги совладаме суетата и празното самозадоволство и да си пружиме рака за помирување како одлика на чесни луѓе, вели во видео пораката по подов православниот верски празник Прочка лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
На денешниот празник Прочка ве повикувам сите да си пружиме рака за помирување како одлика на чесни луѓе.Простувањето и помирувањето се одлики на големи народи. Нека ни е честит празникот!
Gepostet von Zoran Zaev am Freitag, 28. Februar 2020