Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху прогласи победа над својот политички ривал Бени Ганц, по вчерашните парламентарни избори во земјата, трети за помалку од една година.
Израелските медиуми објавија дека тој веќе разговарал со сите десничарски партии и се договорил за формирање силна национална влада што е можно поскоро.
Излезните анкети синоќа покажуваа дека Ликуд освоил 36 до 37 од 120-те мандати во Кнесетот (парламентот), а сојузот на Ганц 32 до 33 места.
Анкетите покажуваат дека на десничарскиот блок на Нетанјаху му фали еден мандат за да има мнозинство од 61 пратеник потребни за самостојно водење на владеачкото мнозинство.
Левиот центар, како што покажуваат првичните резултати, ќе има од 52 до 54 пратенички мандати во Кнесетот.




