Нека трепка:
„Иако градоначалникот не поднел тужба, сепак кај Милошоски предизвикал гнев и, според СЈО, ја искористил својата политичка моќ, па од име на претседател на Комисијата за надворешна политика поднесувал барања за секаков вид инспекциски и полициски контроли врз „Пуцко петрол“, пишува Павле Богоевски на ФБ.
„Но, тоа не било сѐ. Сметајќи дека еден судија од Основниот суд во Кичево е близок со градоначалникот на Пласница и го штити, го поттикнал претседателот на Комисијата за лустрација Томе Аџиев, кој исто така е осомничен во предметот, да го лустрира судијата, за да му престане функцијата. За ова СЈО како доказ поседува телефонски разговор меѓу Милошоски и Аџиев.
Аџиев постапил по барањето на пратеникот и заедно со членовите на комисијата го прогласиле судијата за кодош, односно донеле нарачана одлука за лустрација на судијата Драги Билески.
Како резултат на оваа одлука Судскиот совет подоцна го разреши сега починатиот судијата Билески.”
Со вакви ѕверови си имаме работа. Уништуваат кариери, фамилии и животи, само поради комплексите кои толку упорно и насилно се обидуваат да ги сокријат.
Сè уште, Антонијо и криминалците слични нему се значаен дел од политичкиот живот. Дали некој нормален може да верува дека зад критиките на вмро кон Законот за Јавно обвинителство и зад целата нивна преговарачка тактика се крие било што друго освен желбата за спас од прогон?
Не. Овие луѓе припаѓаат во затвор, не на преговарачка маса“, пишива во објавата на Богоевски.