Цивил бележи закани и притисоци. До сега Скопје, Штип, Тетово и Јегуновце. Очекуваме од партииите да се изјансат транспарентно за своите извори на финансии. Цивил бара од сите политички партии транспарентност. Нарачателите на пропаганда лесно се детектираат. Според Закон, извештаите за финансирањето мораат да бидат доставени пред започнување на изборниот молк, изјави Џабир Дерала од Граѓанската организација ЦИВИЛ на денешната прес конференција.
Исто така, како што рече Дерала, нотирана е зголемена употреба на говор на омраза, поинтензивиран во политичката борба.
„По ТВ дуелот на лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, анализата на на ЦИВИЛ покажа дека има координирани онлајн напади од поединци. Цел на говор на омраза е и Европската Унија. …Омраза има на политичка, родова, верска и етничка основа“, рече Џабир Дерала.
Лажните вести се масовно пласирани, се злоупотребуваат сите информации, од шпекулации за корона вирус до закана од мигранти, изјави Дерала.
ЦИВИЛ нотира и проблем со избирачки список. До ЦИВИЛ пристигна пријава за 6 фантомски гласачи во една зграда
ЦИВИЛ ја осудува злоупотребата на децата на интернет во политички контекст, и ги повикуваме институциите да реагираат соодветно.
ЦИВИЛ нотира и проблем со избирачки список. До ЦИВИЛ пристигна пријава за 6 фантомски гласачи во една зграда.
Цивил најавува обемна анализа околу изборниот тек во државата и се заблагодарува на постојаната соработка од граѓаните.
Ана Неделковска Стојчевски