ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

Огнен Јанески за Филипче: Кога се критикува, треба и да се пофали

Не го фалам министерот затоа што е политичар, туку затоа што навистина организациски покажа дека досега одлично се носи со ситуацијата, а дополнително што не покажува нервоза, анксиозност или вознемиреност за време на комуникацијата со народот. Овој народ има потреба од смиреност во вакви моменти, за да не се крева паника.

March 10, 2020 20:06
in ДЕНЕС, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за здравство, Венко Филипче, заедно со сите околу него од медицината – лекарите, специјалистите, здравствените работници, техничкиот и помошниот персонал – јавно ги пофалувам, им аплаудирам и им изразувам благодарност за вложеноста во периодов, како и за посветеното работење на своите професионални обврски, во земја каде што народот нема ни трошка доверба во системот.

Не го фалам министерот затоа што е политичар, туку затоа што навистина организациски покажа дека досега одлично се носи со ситуацијата, а дополнително што не покажува нервоза, анксиозност или вознемиреност за време на комуникацијата со народот. Овој народ има потреба од смиреност во вакви моменти, за да не се крева паника.

Паниката на ниту едно општество не му е од полза. И токму смиреноста ќе нè донесе полесно до целта – справување со ситуацијата.

Ја следам состојбата новинарски уште од периодот кога беше појавата само во Кина, во дополнителна комуникација со лекари кои уште тогаш пишуваа за ова.
Уште во тој период, нашето министерство почна да ја следи исто така и соодветно реагираше, според искуствата на човештвото. Ние бевме првата земја во регионов, а и пошироко со случај на „коронавирусот“ и за разлика од другите околу нас, постепено реагираме и се носиме со тоа. Размислете дека дел од нештата не се во наша контрола. Во ничија впрочем.

Светот е глобално село, една и единствена заедница, за која пишував синоќа. Во такви ситуации, треба само да бидеме дел од целото кое смирува и да се почитува тоа што тие кои се занимаваат специјалистички со ситуацијата го препорачуваат.
Кога се слушате со пријателите и роднините кои се лекари, прашајте ги како се, не им се јавувајте само да им кукате. Тие се први на удар на борбената линија, како што се војниците во војните за одбрана. Нашата војска за одбрана сега е медицинската фела – лекарите. Да им помогнеме, со тоа што ќе ги слушаме нивните препораки и совети. Со паника и со кукање кон нив, никако не си помагаме ниту себеси, ниту ним, ниту на целата заедница. Бодрете ги. Иако не ви покажуваат, но, тоа им е потребно за да опстојат уште повеќе. Тие не се богови, не ги воспевајте. Тие се луѓе на кои им треба поддршка во вакви моменти.

Апел до политичките партии, да се воздржат од партиски препукувања во ситуацијата со „короната“.
Апел до опозицијата да соработува со власта. После тоа, вадете си ги очите. Сега имаме најмалку потреба да се бара смена на врвот на здравството и наново некој да презема и да учи.
Апел до власта да не ги подбуцнува опозиционерите, туку да соработува со нив.
Апел до медиумите, да си ги приберат сензационалистичките новинари и популистите и да се воздржат од ужасни наслови со „скандалозно“, „шокантно“, „нема да ви се верува“, „дали?“, „замислете!“. Тоа не носи добро никому, исто како што не носат добро објавите на информации и вести од на тетката стрина ѝ братучедата која имала искуство во некое село со „короната“ на кокошките. Нам ни е работа да смируваме и соработуваме во вакви ситуации со здравствените власти, а не да им ја отежнуваме работата.

Фејсбук статус на Огнен Јанески

Next Post

Михајловска: Во Инфективно сум една недела, никогаш не сум видела ваков режим на работа

Shortcut

Најново

Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

July 11, 2026

Борјан Диневски: Песната „Трофеј“ги прикажува чувствата, немирот, љубовта, неизвесноста и внатрешниот свет на младите

July 11, 2026

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk