ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Филипче: Верувам дека нема да ни се случи сценарио кое нема да можеме да го контролираме

оа што почнува да се прави е тренинг на медицински сестри кои треба да работат на интензивна нега. Тие што беа примени изминатите две години, ставени се во функција да работат на обични одделениија, а на поискусните им треба мала едукација за интензивните одделенија. Една од одличните придобивки на ова е всушност координацијата на сите сектори. На почетокот е предизвик, кој со кого ќе комуницира.

March 16, 2020 09:56
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Поради потребата од користење на респираторни машини, министерот Филипче потврди дека ќе се врши преобука на кадарот, како и дека истиот ќе се штеди.

-Тоа што веќе се направи е распоред на докторите анестезиолози, кои знаат да ракуваат со овие машини. Ќе ротираат во места кои претходно ги одредивме кај ќе се третираат пациенти, со цел да спласне притисокот и да се штеди кадарот. Ако во некоја институција се најде заразен, целиот персонал оди во изолација. Од денес се редуцирани оперативните интервенции за да се штеди кадарот и крвта, редуцирани се и крводарителските акции. Нема да има интервенции кои може да се одложат. Нема повеќе утрински стручни состаноци, со цел да се редуцира физичкиот контакт, телефонски ќе се зборува. Еден доктор може да биде одговорен за повеќе пациенти. Тоа што почнува да се прави е тренинг на медицински сестри кои треба да работат на интензивна нега. Тие што беа примени изминатите две години, ставени се во функција да работат на обични одделениија, а на поискусните им треба мала едукација за интензивните одделенија. Една од одличните придобивки на ова е всушност координацијата на сите сектори. На почетокот е предизвик, кој со кого ќе комуницира. Сега точно знаеме. Кога ќе се јави патник или пациент точно се знае како ќе се постапи. Тоа е огромна придобивка, вели министерот.

Тој јавно се заблагодари и на волонтерите и поддршката од Црвениот крст.

-Соработката со Црвениот крст се одвиваше одлично и многу помогнаа во даден момент и сè уште се вклучени во поддршка на пограничните премини, на докторите епидемиолози. Сакам јавно да се заблагодарам. Тие беа и присутни и ги водеа овие влезни излезни позиции во однос на бегалците. Луѓето ја знаат работата, знаат за што станува збор, веќе имале искуство за сите протоколи со бегалците, изјави Филипче.

ДУИ излезе со предлог нивни членови да помогнат во кризните подрачја, но ваков тип на акција може да предизвика ситуацијата полесно да излезе од контрола.

-Јасни се препораките во рамките накризното подрачје во однос на оперативниот план усвоен преку Центарот за управување со кризи. Има протокол, алгоритам на работа. Се знае како се влегува во зоната, како се дезинфицираат возилата, како се облечени луѓето. Замислите да имате необучени луѓе кои несоодветно постапуваат. Само поголеа беља ќе биде тоа. Таму има стручни лица сите тие се уходани знаат што прават, вели министерот.

Тој избегува да дава прогнози, но сепак луѓето треба да сфатат дека се работи за криза која може да потрае неколку месеци.

– Колку повеќе се придржуваат до мерките, толку поблаг ќе биде пикот на болеста и здравствениот систем ќе може да го издржи. Ние не може да предвидиме. Сите мерки што ги правиме е за бројот на заболени да биде што помал. Верувам со сите мерки дека сме спремни особено со планот на ротација на кадарот, со опрема, материјали дека нема да ни се случи сценарио кое нема да може да го контролираме, изјави министерот за здравство Венко Филипче во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.

Next Post

Првата пациентка со корона вирус пуштена дома, негативна е на второ тестирање

Shortcut

Најново

Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

July 11, 2026

Борјан Диневски: Песната „Трофеј“ги прикажува чувствата, немирот, љубовта, неизвесноста и внатрешниот свет на младите

July 11, 2026

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk