ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Филипче: Вирусот се пренесува и преку асфалт и обувки, од Кина може да добиеме 200 респираторни машини

Очекуваме секое можно сценарио. Во Дебар и околината тоа е можно. Имаме вирус кај кој нема правила, се уште има непознати. Излезе дека се пренесува не само преку воздухот, туку и со валкани раце, повеќе денови останува на површините, дури и на асфалтот. Во Италија пронашле и на обувките, контролните брисови тоа го покажале. Се смета дека е безбедна дистанца метар ипол до два. Затоа се и поставените препораки, вели Филипче

March 16, 2020 09:20
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Ситуацијата е под контрола. Во споредба со Европа се чини како мала бројка, иако не треба да се залажуваме. Веројатно ќе има пораст на бројот на заболени. Министерот Венко Филипче во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ истакна дека се спремни за секое можно сценарио.

– Очекуваме секое можно сценарио. Во Дебар и околината тоа е можно. Имаме вирус кај кој нема правила, се уште има непознати. Излезе дека се пренесува не само преку воздухот, туку и со валкани раце, повеќе денови останува на површините, дури и на асфалтот. Во Италија пронашле и на обувките, контролните брисови тоа го покажале. Се смета дека е безбедна дистанца метар ипол до два. Затоа се и поставените препораки, вели Филипче.

Министерот истакна дека во целиот изминат период ги следи препораките, особено поради фактот што спаѓа во високо ризична група со цел да не биде дел од ланецот преносители на коронавирусот. Во однос на пациентите во Македонија, статистиката вели дека од 18 пациенти, 10 се луѓе од 55 годишна возраст.

– Младите се пренесувачи. Најкритична група се повозрасните, особено оние со хронични болести, смртноста е најголема кај нив. Тоа го покажаа Кина и Италија. Но, никој не е поштеден, сега имаме заразено момче и на возраст од 15 години. Во таа смисла ги обезбедивме капацитетите, посебно за деца и возрасни. Околу 30 отсто од вкупниот број на заболени што се на поголема возраст се на машина за дишење, но добар дел од ширењето е од младите луѓе, изјави Филипче.

Британската влада бара 5. 000 машини со кои не располагаат, па реакциите на прозводителите не се оптимистички. Кое е вашето предвидување. Каква е ситуацијата кај нас?

– Ние вчера по состаноткот донесовме одлука дека сите капацитети мора да се на располагање на државата. Вкупниот број на машини се над 11/115 во сите јавно здравствени установи во држвата. Над 85 се во Скопје. Во приватните може да сметаме на близу 80. Оваа недела завршува постапката и стигнуваат уште 50, а има шанса да обезбедиме уште 50 за една недела до 10 дена. Во соработка со амбасадорот на Кина, тој ја понуди нивната помош како од нивните експерти со разменување искуства со нашите епидемиолози, па може да добиеме уште 200 машини од Кина. Не станува збор само за машини, мораме да ги спремиме и луѓето, бидејќи не секој знае да ракува со нив, истакна министерот.

Next Post

Курц најави целосно укинување на летовите поради Ковид-19

Shortcut

Најново

Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

July 11, 2026

Борјан Диневски: Песната „Трофеј“ги прикажува чувствата, немирот, љубовта, неизвесноста и внатрешниот свет на младите

July 11, 2026

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk