Во вмро мора да сфатат дека државата функционира (и тоа многу подобро) и кога не се на власт. Како тоа ќе ставеле на располагање тим од здравствени работници? Тие луѓе не се дел од здравствениот систем на земјава? Ги криеле до сега? Ги чуваат во некој вмровски репозиториум за кризни состојби, па ги вадат по потреба?
Тешки глупости!!!
Подеднакво нечовечки и штетни се објавите на лажни и вести дизајнирани да предизвикаат страв и паника. Тоа се елементи и тактики на специјална војна која некој не сака да ја прекине ни во вакви кризни моменти, дури и се труди да ги зајакне и да предизвика што поголема штета. Затоа, верувајте само на вести чиј извор го знаете, или најдобро – на вести од надлежните инзтитуции: Министерство за здравство, МВР, Светска здравствена организација… Никако на сомнителни портали и ланчани пораки на вибер или месинџер!
Единствено одговорно однесување е ако се следат препораките и наредбите на надлежните служби.
Кој има вештини и знаења кои можат да бидат од корист во борбата со вирусот – нека се јави во ЦУК или ДЗС како доброволец.
Кој сака да помогне колку може, нека се обрати во Црвен Крст. Таму ќе добијата инфо дали и каде се потребни, а и соодветна обука и опрема за таков ангажман. Никако не смее на своја рака да се оди во критични локации и кај луѓе во карантин!
Утеха и мотивација ми дава тоа што здравствениот и безбедносниот систем, а и државата воопшто функционираат на највисоко можно ниво, а и свеста на луѓето се подигнува со секој поминат час. Сите ќе помогнеме само ако сме дисциплинирани, свесни за околината и за настаните и ризиците околу нас. Мора да бидеме храбри и присебни.
Секоја земја може да се адаптира на гасење на речиси секој ресурс освен на човечкиот ресурс. Земјава не е апстракција или идеја, земјава сме ние нејзините граѓани.
Ајде да сме паметни. Ајде да победиме!
Пишува Васко Лазаревски, на својот Фејсбук профил.