ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

СДСМ: Потребна е вонредна состојба, следуваат економски мерки за ублажување на ударот врз стопанството

СДСМ уште еднаш им се заблагодарува и им оддава јавнo признание и почит на сите кои учествуваат во превенцијата и борбата против овој вирус, здравствените работници, полициските службеници, припадниците на армијата, службениците, институциите.

March 18, 2020 10:37
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Јавното здравје е соочено со огромен предизвик од глобални размери и затоа сите граѓани мора да ги почитуваат мерките и препораките за да се спречи натамошно ширење на вирусот Ковид – 19. Сите граѓани сериозно да ја сфатат ситуацијата и доследно да ги почитуваат мерките и препораките на Владата, бидејќи секој поединец што се заштитува себе, истовремено ги заштитува и другите и дава придонес за полесно надминување на состојбата, велат од СДСМ.

„Граѓаните непотребно да не патуваат во странство, а оние македонски граѓани кои имаат  престој во странство да се воздржат од враќање во земјата и да ги почитуваат мерките во државата каде што се наоѓаат. Сите гранични премини се затворени за премин на странски државјани, освен за влез на товарни камиони и претставници на дипломатскиот кор. Се затвора и Меѓународниот аеродром во Скопје за патнички сообраќај.

Согласно анализите и проекциите за економските последици, владата подготвува сет економски мерки за помош на стопанството, фирмите и граѓаните, за помош на најпогодените.

Веќе се замрзнати цените на основните продукти: на леб, сол, зејтин, млеко и млечни производи, јајца, брашно, месо, тестенини, лекови и дезинфекциони средства со состојба на денот на прогласување на пандемијата од Светската здравствена организација (СЗО), освен за оние за кои има доказ дека се зголемени влезните фактури.

За побрзо и поефикасно надминување на последиците од коронавирусот неопходно е воведување на вонредна состојба со што ќе се постават поефикасни механизми за помош на здравствениот сектор, но и механизми за итна, навремена и ефикасна помош кон стопанските гранки кои се најмногу погодени од вирусот.

СДСМ уште еднаш им се заблагодарува и им оддава јавн  признание и почит на сите кои учествуваат во превенцијата и борбата против овој вирус, здравствените работници, полициските службеници, припадниците на армијата, службениците, институциите.

Државните институции работат во полн капацитет, непрекинато максимално посветени и несебично се ангажираат да продолжат да ја држат ситуацијата под контрола.

Веруваме и во капацитетот на институциите и на граѓаните и очекуваме дека нивната одговорност и сплотеност ќе помогнат во справувањето со вирусот ковид-19. Здравјето пред се.“

Next Post

Царовска за економските мерки: Бескаматни кредити, субвенции на придонесите, фабриките да работат во 4 смени

НАЈНОВО

Фото: МИА

Македонија катастрофално поразена од Велс, баражот го чекаат од четвртиот „шешир“

November 18, 2025
Скриншот

Американскиот Конгрес изгласа да бидат објавени досиејата на Епштајн

November 18, 2025

Собранието стави крај на евтиното онлајн купување: ДДВ од 18% за „Тему“ и „АлиЕкспрес“ пратки

November 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Леонардо Дикаприо. Фото: Скриншот

    Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МОН ги објави резултатите од конкурсот за ученички стипендии 2025/2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 18 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА најави пренос во живо: Првите детални снимки од меѓуѕвездената комета 3I/ATLAS

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Александар Вучиќ пријавен во Јавното обвинителство во Милано за случајот „Сараево сафари“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk