ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Владата им препорачува на работодавачите да организираат работа од дома

Покрај ова сите маркети, аптеки, банки и објекти кои даваат поштенски услуги, се обврзуваат задолжително да обезбедат редарска служба при влез и во внатрешноста во објектите, со цел да се контролира влезот и бројот на лица во нив, така што ќе се обезбеди минимум потребното растојание од два метри помеѓу лицата пред и во објектите.

March 20, 2020 08:39
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата на својата 23-та седница одржана вечерва усвои серија заклучоци со кои им пропорачува на работодавачите да организираат работа од дома, а на маркетите, аптеките, банките и поштите да обезбедат редари пред и во своите објекти.

– Се препорачува на сите работодавачи во Република Северна Македонија, односно секое раководно лице на институцијата, во зависност од типот на работата и можностите, да ја организираат работата и начинот на работа на вработените лица, преку работа од дома, без да се наруши редовното и нормалното функционирагье на институцијата, се наведува во заклучоците на Владата усвоени врз основа на препораките усвоени на денешниот состанок на Главниот координативен кризен штаб задолжен за целосна координација во врска со спречувањето на внесување и ширење на корона вирус Ковид-19.

Од оваа мерка исклучок се вработените лица во министерствата за внатрешни работи, за здравство и за одбрана, како и во Армијата, противпожарните територијални единици, Царинската управа и во домовите за нега на стари лица и малите групни домови.

Покрај ова сите маркети, аптеки, банки и објекти кои даваат поштенски услуги, се обврзуваат задолжително да обезбедат редарска служба при влез и во внатрешноста во објектите, со цел да се контролира влезот и бројот на лица во нив, така што ќе се обезбеди минимум потребното растојание од два метри помеѓу лицата пред и во објектите.

На својата седница на која беа разгледувани само материјали поврзани со спроведувањето на вонредната состојба во земјава, Владата го задолжи Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да оствари работиа средба со здруженијата на сточари и Федерацијата на фармери, во врска со извозот на јагниња, како и за  утврдување на мерки што треба да се преземат во овој период.

Next Post

Сите гранични премини се затворени, се пропуштаат само камиони и овластени лица

Shortcut

Најново

Од нетранспарентни измени на Изборниот законик до изборен блеф: Како Мицкоски ја тестира опозицијата

August 21, 2026

Мицкоски тврди дека пензиите растат рекордно, Филипче обвинува за криминални тендери и осиромашување на граѓаните

August 21, 2026

Хуманитарен концерт во Велес „Заедно за подобро утре“

August 21, 2026

ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

August 21, 2026
Министерот за здравство, Сашо Клековски, прес, 21 август 2026 (скриншот од видео на министерството за здравство)

Ширење на западнонилската треска во Скопје: Епидемиолошка криза, мерки и политички реакции

August 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk