Бесплатен телефонски број за прашања во врска со корона вирусот 24/7. Од денеска е во функција и call центарот – 0800 002 03 во Здравствениот дом во Скопје со цел да се зголеми капацитетот на телефонските линии.
Општина Куманово бара да се воведе полициски час.
Кај матичните лекари преку „Мој термин“ ќе се закажува тестирање за корона вирус. Oд понеделник ќе функционираат и двата пункта во поликлиниките во „Јане Сандански“ и „Чаир“ за земање на брисеви за тестирање за корона вирус. Од денеска е во функција и call центарот – 0800 002 03 во Здравствениот дом во Скопје со цел да се зголеми капацитетот на телефонските линии.
Аслани: Граѓаните да плаќаат со картички, да избегнуваат пари.
Османи со писмо до Ленерчиќ, побара активирање на Европскиот механизам за цивилна заштита.
Матичните лекари ќе можат да издаваат потврди за лицата со хронични болести. Прашан за апелот што се шири на социјалните мрежи за идентитетот на лицата со корона вирусот, Филипче истакна дека разговарале да се ограничат информациите во однос на идентитетот и додаде оти во еден момент интересот бил навистина голем.
Сугарески на ФБ: Срамното политиканство не им поминува повеќе.
Турција забрани летови за уште 46 држави, меѓу нив и Северна Македонија.
Прв смртен случај од Ковид-19 во БиХ.
Фон дер Лајен: Да се реши застојот на границите. Важно е да го решиме ова сега, на почетокот на кризата, рече Фон дер Лајен во своето дневно видео обраќање. Таа посочи дека има редици, долги десетици километри на некои европски граници, и дека на преминување на границата се чека и повеќе од 24 часа.