ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Филипче: Хуманитарни акции само за хронично болните кои не се ризични

Одговорајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција, министерот информира дека веќе е одржан состанок со директори во ГОБ „8 Септември“ околу адаптирањето на дел од болницата за преземање пациенти.

March 21, 2020 18:15
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Сите што сакаат да бидат хумани и да помогнат во спречувањето на коронавирусот, да се тргнат настрана, да ги остават стручните и надлежните да си ја вршат задачата. Работа на докторите е да даваат третман, да прават анализа, да ги интервјуираат пациентите, потенцијално заболените или луѓето кои биле во конаткт со нив, порача денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Според Филипче, хуманитарни акции може да се спроведуваат за хронично болните кои се самоизилирани во домашни услови, а не се ризични во однос на коронавирусот.

Одговорајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција, министерот информира дека веќе е одржан состанок со директори во ГОБ „8 Септември“ околу адаптирањето на дел од болницата за преземање пациенти. Повтори дека е веќе поставена патеката за движење на пациентите сомнителни или веќе дијагностицирани со вирусот корона, на кои им е потребна друга здравствена услуга.

Според Филипче, јавните здравствени установи се веќе известени дека ако имаат пациент сомнителен на КОВИД-19, треба да го упатат во ГОБ „8 Септември“.

– Од страна на епидемиолозите беше спроведена едукација на кадарот. Заштитните материјали се таму. Тие луѓе знаат како се пристапува, како се прегледува пациентот, како се зема материјал. Доколку се потврди позитивниот тест на вирусот, се продолжува согласно овој алгоритам на постапување, доколку не, влегува во редовниот програм во болницата „8 Септември“. Тука има и посебно одделение за инфективни болести. Тука нема да се хоспитализираат пациенти засега, на кои им е потребно лечење само заради коронавирусот, туку се уште ќе се користат капацитетите на Инфективната клиника, каде се исполнети само од 20 до 23 или 24 отсто, рече Филипче.

Министерот за здравство информира дека во овој момент се подготвени околу 500 кревети, а најави дека во следниот период ќе се обезбедат уште. Според експертите со кои денеска разговарале, ова треба да биде последна фаза во пристапот на лекување на пациентите и има други механизми по кои можат да се третираат пациентите.

Филипче рече дека денеска дискуирале и за германскиот модел, а тоа е во болница да бидат пациентите на кои може да им е потребна помош од машина, секако пациентите кои се на респираторна машина.

-Домашното лекување, како што сега се спроведува во Германија, е сосема солиден начин на третман со оглед на тоа што огромен процент од пациентите имаат полесна форма, рече Филипче.

Најави дека од понеделник целосно на располагање ќе биде тим медицински сестри кои секојдневно ќе ги комуницира пацинетите. Докторот специјалист по инфективна медицина секогаш ќе биде на располагање за одредена ситуација и состојба, а во секој момент ќе има и болнички кревет ако се постави индикација.

– Ние сме сега во фаза кога бројот на пациенти расте. Кога се споредуваме со другите земји, кривата е нешто поблага, што можам да кажам дека е добро и верувам се должи на дел од мерките што се спроведени. Искрено верувам дека со дополнително заострување на мерките ќе спласне значајно бројот на пациенти, рече Филипче.

Прашан што се презема по потврдата дека во МВР имало лице со коронавирус, Филипче рече дека се преземаат истите мерки, како и за сите други заболени, и се прави дезинфекција на работното место.

Next Post

Економски совет: Во моментов е најважна финансиската поддршка на здравството

Најново

Фото: Скриншот, видео Х

(ВИДЕО) Американските маринци пресретнаа брод во Арапското Море поради блокадата на Иран

April 29, 2026
Фото: Скриншот, видео Х

(ВИДЕО) Израелската армија уништи подземни тунели на Хезболах во јужен Либан

April 29, 2026
Илустрација Фронтлајн

Дневен хороскоп со Анаис (29 април): Активирање на хармонијата и партнерските односи

April 28, 2026

ИСТРАЖУВАЧКО ДОСИЕ НА ЦИВИЛ: Кримското поглавје на руската пропаганда, низ дејствувањето на негиран „виш советник“ на Левица

April 28, 2026

Оставете нè да ви принесуваме убавина, се угушивме во грдотија

April 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk