коментира: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ
Во услови кога сите треба да останеме сплотени и заедно да ги пребродиме опасностите што надвладеуваат од корона вирусот, во моменти кога се користи секоја прилика да се повика на единство за што е можно полесно да се преброди најголемата со која се соочува светот, опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ преку своите партиски соопштенија сее несигурност страв и паника кај граѓаните.
„Македонија поради епидемијата која владее се наоѓа во економски шок. Изминатите денови се отпуштаат работници и се затвораат индустриски капацитети“, велат од ВМРО-ДПМНЕ во нивното соопштение.
Просто човек да им позавиди на комоцијата со која си дозволуваат вакви полуинформации и шпекулации. Според ВМРО-ДПМНЕ праќањето на принуден одмор на работниците е отпуштање од работа?!
„Еден од првите примери е фабриката Кронберг и Шуберт која на принуден одмор испрати над 5.800 работници на кои не им е образложено кога и дали ќе се продолжат со работа во фабриката.“, велат во соопштението ВМРО-ДПМНЕ.
Неразбирливо е како може опозициската партија во вака чувствителни моменти без ни малку одговорност, толку лесно да релативизира и отпревртува факти, само за да ќари политички поени.
Во соопштението ВМРО-ДПМНЕ повторно нудат сопствени тимови, па велат:
„Овој пат ги нудиме сопствените човечки капацитети во делот на економијата кои ќе соработуваат со цел подобрување на ситуацијата.“
Што нудат ДМПНЕ?
За кои сопствени економски тимови говори ВМРО-ДПМНЕ – за оние што ни го проектираа „Скопје 2014“ и легално исцицаа од државата 700 милиони евра во фасади што се опасни по живот, споменици на кои ни се смее цел нормален свет, или за зградите што уште не ставени во употреба се поплавуваат и се распаѓаат.
Пред недела дена Мицкоски и Николоски беа на консултации со Груевски во Будимпешта, сигурно таму е договорен тој сет мерки, кои треба да ни ја спаси државата од економски колапс. И внимавајте, сосема случајно вчера бегалецот од правдата Груевски, оној со провизиите и процентите „Миле, бе, да не е многу, да не се претераме“ тој „загрижениот“ за нашата економија, преку ФБ ни испрати аманет со сет на економски совети. Нека ни е на сите на здравје ако очекуваме од такви експерти и кризни мерки по нарачка на Груевски да ни ја спасат државата
Ви благодарм ДПМНЕ, но не, благодарам.