ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

12: Пријавете непочитување на мерките, училиштата чекаат дополнителни насоки за оценување, демант на Дума, корона вирусот блиску до Папата, донации за Полицијата, од Ковид-19 почина британски дипломат.

Преглед на вестите до пладне.

March 26, 2020 12:11
in ON THE HOUR
Share on FacebookShare on Twitter

ВЛАДАТА на Република Северна Македонија и Инспекцискиот Совет апелираат до граѓаните да ги пријавуваат затекнатите неправилности и непочитување на владините мерки и препораки за спречување на ширењето на заразата од КОВИД- 19.

СОДРЖИНИТЕ по наставни предмети засега им се достапни на основците од прво до деветто одделение, а наскоро таа ќе се пополнува  и со лекции за средношколците. Наставниците чекаат упaтства од МОН и Бирото за развој на образованието  (БРО) за начинот на проверка на знаењето и оценување на учениците.

МНР соопшти дека во соработка со МНР на Република Словенија, словенечкиот Кризен штаб и словенечката полиција, утрово организираше враќање на 42 македонски граѓани во својата земја

ДИРЕКТОРОТ на Клиниката за очни болести, Христијан Дума ја демантира информацијата објавена на Лидер.мк, а потоа преземена и од Курир.мк и од други портали.

ЛИДЕРИТЕ на 27 земји-членки на Европската унија ќе разговараат денеска преку видео-врска за заеднички напори за борба против ширењето на пандемијата со новиот корона вирус и за ублажување на економските последици на здравствената криза.

ДВОКРАТНАТА олимписка шампионка во алпско скијање, Американката Микаела Шифрин изјави дека ќе продолжи да продава свои работи на добротворна аукција. Собраните средства таа ќе ги донира за борбата против коронa вирусот.

ЕДНО лице кое живее во близина на папата Франциск во Ватикан е тестирано позитивно за новиот корона вирус и сега е хоспитализирано во болница во Рим, објави римскиот весник Месаџеро.

БРОЈОТ на потврдени случаи на зараза со Ковид-19 во Германија се зголеми на 36.508. Од заразата досега починаа 198 луѓе, соопшти здравствениот Инситут Роберт Кох.

БРИТАНСКИОТ заменик амбасадот во Унгарија, Стивен Дик, почина во Будимпешта откако беше констатирано дека е позитивен на корона вирус. Дик, кој имал 37 години, починал во вторникот, како што јави вчера Форин Офисот.

ВО Турција, бројот на починати од последиците од корона вирусот  се искачи на 15 и сега изнесува 59, изјави министерот за здравство, Фахретин Коча.

СПОРЕД извештајот од минатата недела, во Калифорнија и во Вашингтон, продажбата на марихуана е зголемена за повеќе од 50 отсто, што причини и пораст во акциите на поголемите компании за канабис во САД.

ДОНАЦИИ од АВМУ и ПСС за македонскиот полициски синдикат донираат средства за снабдување заштитна опрема против корона вирус за полициските службеници.

КОМОРА на сметководители: да се плати административна такса за документите потребни за аплицирање на повикот за бескаматната поддршка на фирмите објавен вчера, а Развојната банка да ги обезбеди електронски, по службена должност, за да намалат дополнителните трошоци, времето и ризикот по здравјето на сметководителите.

КИНЕСКАТА компанија Алибаба на Словенија донира тестови за корона вирусот, кои се очекува да пристигнат за неколку денови.

УРЕДБА со која се утврдува како банките и штедилниците можат во текот на вонредната состојба, на граѓаните и фирмите да им понудат одложување на исплатата на ратите и други поволности со кои ќе им го олеснат сервисирањето на кредитите за време на корона кризата е донесена.

 

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Римац Невера Р постави 24 светски рекорди, станува најбрзиот електричен автомобил досега

July 13, 2025

Нови детали за убиството во Прилеп: Пред куќата полицијата имала престрелка со убиецот

July 13, 2025

Кузеска: Дали со тендер од 1,8 милиони евра ВМРО-ДПМНЕ ќе си ја плати кампањата за избори?

July 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Барселона сака да се „ослободи“ од двајца играчи, тие не сакаат да заминат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Двојно убиство и самоубиство во Прилеп, убиецот ги убил внукот од сестра и неговиот син, па се самоубил

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чупеска за Фронтлајн: Власта ја занемарува интеркултурната комуникација и ги продлабочува поделбите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нови детали за убиството во Прилеп: Пред куќата полицијата имала престрелка со убиецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk