Градот Скопје како град на солидарноста и како збратимен град со Загреб ќе испрати хуманитарна помош по големите земјотреси коишто деновиве го погодија главниот град на Хрватска и предизвикаа голема материјална штета.
„Одлуката за хуманитарна помош, која е во износ од 50 илјади евра, ја потпиша градоначалникот Шилегов. Градоначалникот Шилегов телефонски разговараше со својот загребски колега Бандиќ и, со оглед на околностите, затворените граници и вонредната состојба насекаде во светот, договорија помошта која вообичаено се состои од материјали и луѓе за помош при катастрофи, овојпат да биде симболична финансиска сума“, се вели во официјалното соопштение на Град Скопје.